Кристијано Роналдо со нови два гола се приближува до лудата цел
Во натпревар од 7. коло на азиската Лига на шампиони, Ал Наср со 4-0 го совладал Ал Васл. Кристијано Роналдо дал два гола, во 44-та и во 78-ма минута. Со тоа стигна до бројката од 923 погодоци на официјални натпревари. Најдобар стрелец е во историјата на репрезентативниот фудбал (135 гола), најдобар стрелец во историјата на Лига на шампиони (140 гола), најдобар стрелец во историјата на Реал Мадрид (450 гола).