Кој се повлече од фудбалот во 2013 година

Од секоја година што изминува може да се направат разни епилози и листи кои ги нуди богатата понуда со фудбалски случува. Овој пат го имаме списокот на играчи кои минатата година решија да ги закачат копачките на клинец и да уживаат во долгата и богата пензија.

Од фудбалот се простија голем број на фудбалски ѕвезди како Бекам, Овен, Сколс, Гатузо и Неста, а големиот број на пензионирани играчи ќе ги поделиме по нивната позиција на кои која играа.

Голмани:

Улрих Раме (41) најголемиот број од својата кариера ја мина во Бордо каде мина 14 години, а имаше и 12 настапи за селекцијата на Франција.

Рокардо Лопез (42) на 1 јуни минатата година на мечот против Реал Мадрид стана најстариот голман во шпанското првенство, а се пензионираше како чувар на мрежата на Осасуна.

Одбрана:

Фил Невил (36) по една деценија на „Олд Трафорд" одигра уште осум години во Евертон. Настапи 59 пати за англиската репрезентација, а сега е дел од стручниот штаб на Манчестер Јунајтед.

Џејми Карагер (35) се повлече од фудбалот на 19 мај како легенда на Ливерпул со 737 настапи.

Томас Ујфалуши (35) ја заврши кариерата во Галатасарај каде сега ја извршува директорската позиција.

Алесандро Неста (37) како еден од најдобрите дефанзивци по настапите во Лацио и Милан, одлучи кариерата да ја заврши во Канада каде настапуваше на екипата на Монтреал.

Кристоф Метцелер (32) настапуваше за екипите на Борусија Дортмунд, Реал Мадрид и Шалке но поради голем број на повреди од фудбалот се прости млад.

Среден ред:

Марк ван Бомел (36) беше 12 години дел од селекцијата на Холандија, а кариерата ја ззаврши во ПСВ.

Џенаро Гатузо (35) оствари богата кариера во Милан, а играчката кариера ја заокружи со една сезона мината во Сион од Швајцарија. Остана во истата екипа и како тренер, а потоа и во Палермо.

Дејвид Бекам (38) како икона во фудбалот на 18 мај беше топ тема во медиумите откако одлучи да се повлече во дресот на ПСЖ.

Пол Сколс (39) му кажа збогум на „Олд Трафорд" по 718 настапи за Манчестер Јунајтед.

Деко (36) ги мина најуспешните мигови од својата кариера во Порто и Барселона, а кариерата ја заврши со две последователни титули во Бразил со тимот на Флуминезе.

Дејан Станковиќ (35) ја почна кариерата во Црвена Ѕвезда, потоа шест години настапуваше за Лацио, а по девет сезони во Интер минатото лето се повлече од фудбалот.

Напад:

Мајкл Овен (34) ја почна кариерата во Ливерпул, а ја заврши во Стоук. Во меѓувреме настапуваше и за Реал Мадрид, Њукасл и Манчестер Јунајтед.

Луис Саха (35) смени осум клубови во кариерата, а последната сезона ја мина во дресот на Лацио.

Лудовик Жули (36) играше во Лион, Монако, Барселона, Рома, ПСЖ и Лорент, а по завршувањето на професионалната кариера одлучи да продолжи со фудбал во аматерска лига во Франција.

Во 2013 година се повлече и најтрофејниот британски тренер на сите времиња, Сер Алекс Фергусон (71) кој ја напушти тренерската клупа на Јунајтед по 26 години во кои освои 38 трофеи. Од истата функција си замина и Јуп Хајнкес (68) кој си замина од Баерн Минхен по најтрофејната година на клубот.

3 јануари 2014 - 16:50