На шампионската титула на Барселона во 2009-та кога во финалето го совладаа Манчесттер Јунајтед во Рим, му претходеше реванш полуфинале меѓу Челси и Барса кое заврши 1:1 со гол на Иниеста во 93-та минута. Барселона отиде понатаму поради голот на гости, а мечот остана запаметен по тоа што домаќините имаат четири разумни барања за пенал на Стемфорд Бриџ, но не добија ниту едно. Норвешкиот судија Том Хенинг Овребо три години по мечот даде интервју во кое призна дека сè уште добива мејлови со смртни закани од страна на навивачите на Челси.