Карло Анчелоти во клубот 1.000

Со утрешниот меч меѓу Баерн Минхен и Хамбург, италијанскиот стратег ќе одбележи голем јубилеј во својата 22 годишна тренерска кариера. Не му воопшто за потценување, од 999 натпревари загубил 181 и освоил 17 трофеи. 

Иако лидерот е многу далеку и се вика Сер Алекс Фергусон кој во периодот од 1974-та до 2013-та седеше на клупата на точно 2.131 меч, сепак вреди да се одбележи утрешниот јубилеј на Карло Анчелоти кој изјави:

„Навистина сум среќен што утре ќе стигнам до 1.000-от натпревар како тренер во мојата кариера. Сега сум подготвен за нови 1.000“.

Па и да останеше на првите 1.000 и да речеше доста е, имам 57 години и сакам да уживам и да не работам повеќе, немаше да има право никој да му замери. Карлето за 22 години стигна до 17 трофеи: 8 со Милан, 3 со Челси, 1 со ПСЖ, 4 со Реал Мадрид и 1 со Баерн Минхен. Тој заедно со Боб Пеисли (Ливерпул) се единствени тренери со три освоени титули во Лига на шампиони.

Неговиот скор како тренер вели вака: 999 меча – 590 победи, 228 нерешени, 181 загубени. По клубови:

Реџана (1995 – 1996) 41 меча17 победи, 14 нерешени, 10 порази.

Парма (1996 - 199887 меча43 победи, 22 нерешени, 22 порази.

Јувентус (1998 – 2001) 114 меча63 победи, 33 нерешени, 18 порази.

Милан (2001 – 2009) 420 меча238 победи, 101 нерешена, 81 пораз.

Челси (2009 – 2011) 109 меча67 победи, 20 нерешени, 22 порази.

ПСЖ (2011 – 2013) 77 меча 49 победи, 19 нерешени, 9 порази.

Реал Мадрид (2013 – 2015) 119 меча89 победи, 14 нерешени, 16 порази.

Баерн Минхен (2016 - ) 32 меча24 победи, 5 нерешени, 3 порази.

НАЈВИСОКИ ПОБЕДИ:

Реал Мадрид – Гранада 9:1 (5 април, 2015) Ла Лига

Челси – Виган 8:0 (9 мај, 2010) Премиер лига

Челси – Стоук 7:0 (25 април, 2010) Премиер лига

Челси – Ипсвич 7:0 (9 јануари, 2011) ФА Куп

Депортиво – Реал Мадрид 2:8 (20 септември, 2014) Ла Лига

НАЈВИСОКИ ПОРАЗИ:

Лацио – Милан 4:0 (11 февруари, 2004) Куп на Италија

Селта – Јувентус 4:0 (9 март, 2000) Куп на УЕФА

Атлетико – Реал Мадрид 4:0 (7 февруари, 2015) Ла Лига

Борусија Дортмунд – Милан 4:0 (4 април, 2002) Куп на УЕФА

Депортиво – Милан 4:0 (6 април, 2004) Лига на шампиони

24 февруари 2017 - 15:56