Капитенот на Барселона Араухо отворено за депресијата: „Ми помогна патот во Ерусалим“

Одличниот одбранбен фудбалер на Барселона и репрезентацијата на Уругвај, Роланд Араухо си отвори душа и во разговор за Мундо Депортиво раскажа низ што сè минувал во изминатите година ипол. „Анксиозноста ми премина во депресија и така играв“.

Со понизност и без претензии, неговиот случај служи да ја направи уште повидлива стварноста која се уште се премолчува и да го понуди неговото сведоштво како пример на оние кои поминуваат низ слични ситуации, пишува Мундо Депортиво во најава за интервјуто со капитенот на Барселона Роланд Араухо.

Тој за последен пат играше на 25 ноември лани кога доби директен црвен картон против Челси на гости во 44' минута од дуелот во Лига на шампиони. Сините тогаш ја згромија Барселона со 3-0 а после тоа Араухо побарал одмор на неопределено време со цел да се собере себеси и да работи на психолошката состојба.

Тој се врати на 4-ти февруари и дури даде гол во победата над Албасете во Кралскиот Куп кога Барселона победи 1-2.

Во интервјуто тој вели дека сега е каде-каде многу подобар од претходно.

„Работите се сменија прилично зошто научив многу во текот на ова време. Мислам дека беше исправно што одлучив така. Се чувствувам поинаку и среќен сум за тоа, зошто ми олесна, посреќен сум. Можам пак да уживам во тоа што сакам да го правам, како што е играње фудбал и тоа ми помага многу“, вели Араухо и додава:

„Подруго е... гледаш работи од друга перспектива. Мислам дека најлошото од најлошото помина и сега ги гледам поинаку работите. Времето што го земав (околу 2 месеци одмор) беше со причина, зошто на крајот можев да работам со стручњаци, со моето семејство, и духовно што многу ми требаше. Мислам дека тоа ми помогна многу и денес сум подруга личност“.

ЦРВЕНИОТ ПРОТИВ ЧЕЛСИ МУ БИЛ КАПКА ШТО ЈА ПРЕЛЕАЛО ЧАШАТА

Уругвајскиот репрезентативец објаснил дека не му било едноставно кога добил црвен картон против Челси зошто уште повеќе му го влошило психолошкото здравје. Но и пресвртен момент кога сфатил дека мора да смени нешто.

„Беше комбинација од нешта. Не бев добар долго време, можеви повеќе од година ипол. Пробуваш да бидеш силен, можеби поради твоите корени, од таму каде што доаѓаш, почнуваш да притискаш, но почуствував дека не е добро. Не само во спортот, но и во семејството и во личниот живот. Не бев веќе јас и тогаш ми кликна и си реков: нешто е погрешно, морам да се отворам и да побарам помош.

Јас сум тип на човек кој чува се во себе, но исто мора да сфатиш дека има стручњаци кои можат да ти помогнат, да ти дадат насоки како да се носиш со одредени ситуации... Морав да се отворам и да кажам дека нешто не е во ред со мене за да можам да се опоравам“.

КАКВА УЛОГА ОДИГРАЛА СОБЛЕКУВАЛНАТА?

„Огромна! Откако донесов одлука, имав некои навистина лоши денови; не сакав да станам од кревет. Ми беше тешко зошто отсекогаш сонував да играм фудбал, а сега морав наеднаш да прекинам. Фала му на Бога што жена ми беше клучна: беше неверојатно силна и ме поддржуваше...

А после почнаа да ми стигнуваат и пораки од моите соиграчи, навистина позитивни пораки кои многу ми го креваа расположението. Сите ми пишуваа. Тоа беше навистина огромна мотивација. Во тој момент, со зголемен адреналин, ти само излегуваш на терен. Тажен си, но тогаш кога натпреварот е готов, како се да се срушило врз тебе. Јас веќе чувствував дека не сум добар, вистина е, но пробуваш да одиш напред и понекогаш ти треба помош.

Патев од анксиозност година ипол а потоа премина во депресија и така играв со тоа. Тоа не помага зошто на терен не се чувствуваш дека си ти ти. Знаеш колку вредиш и колку можеш да придонесеш на теренот. Тој ден (црвениот картон со Челси) сфатиф дека морам да разговарам со стручњаци и со клубот за да ми се помогне“.

„НИЕ СМЕ ПРВО ЛУЃЕ ПА ПОСЛЕ ФУДБАЛЕРИ“

Низ разговорот со Мундо Депортиво, Уругваецот Араухо рекол и дека без разлика на статусот кој го имаат фудбалерите, не значи дека тоа им носи ментален штит.

„На крајот, ние сме луѓе па фудбалери. Не е се само за пари, не е се само за слава. И ние патиме од тоа што се случува на теренот. Ние сме среќни да од тоа што го правиме, но има и човек зад се, има чувства. Благодарен сум и на сите зошто добив многу поддршка во тој период кога решив да прекинам и тоа помага. Мора да разбереме дека ние сме прво луѓе па играчи“.

КАКО ИМ СЕ ОТВОРИЛ НА ДЕКО И ХАНСИ ФЛИК КОЈ МУ Е КАКО ТАТКО

Капитенот на Барселона кој ја добива лентата откако во јануари голманот и дотогашен капитен Тер Штеген замина во Жирона, раскажал и како се отворил пред стручниот штаб и управата.

„Прво разговарав со Деко зошто тој е спортски директор кој е близок со нас. Му кажав што се случуа. Прво малку се изненади зошто не е баш вообичаено за фудбалер на Барселона да му ги каже тие работи, но ги сфати многу добро, многу лично. Од прва минута, Деко му се јави на претседателот и на менаџерот. Сите беа прекрасни. Многу сум им благодарен на Деко, на претседателот, на агентот и на луѓето зад сцени кои можеби не се гледаат: Алехандро (Ечеверија), Бојан (Кркиќ)... кои се дел од нашето секојдневие.

Click and drag to move

Многу ми значеа. Од сам почеток сфатија и клубот ми даде се што треба за да се опоравам. А тоа е базирано на довербата што ја имаат во мене како играч“.

„Тренерот Ханси Флик го сфати многу сериозно. Беше вознемирен поради ситуацијата. Флик ги знае моите способности и беше јасно дека не го прикажувам сиот мој потенцијал. Знаеше дека нешто не е како треба. Уште од почеток ми праќаше пораки во кои ми кажа да се опуштам и да се опоравам, дека најважно од се е да се помине добро низ тоа. Тоа ми даде мир во умот во закрепнување зошто знаеш дека имаш поддршка од клубот, од тренерот, од соиграчите“.

СИ ДОБИЛ ПОДДРШКА И ОД РИВАЛИТЕ?

„Тоа многу ме изненади. Кога одлучив да престанам, не можев ни да замислам колкава узбуна тоа ќе предизвика, но секако ние сме во Барса. Играчи од други екипи од Италија, Германија... Го ценеа тоа што сум го направил. Некои ми кажаа дека проаѓале низ исто но го заджрале тоа за себе зошто добивале плата, се плашеле да прекинат, се плашеле како луѓето ќе реагираат... Многумина го ценеа тоа што го сторив. Ми рекоа да не се сремам и дека тоа што го направив е неверојатно. Некои ми кажаа и дека сакале истото да го направат но немале храброст. Да не ги именувам, но тоа ми даде малку охрабрување“:

ОДЛУЧИВТЕ ДА ПОМИНЕТЕ НЕКОЛКУ ДЕНА ПАТУВАЈЌИ ВО ИЗРАЕЛ? ДАЛИ БЕШЕ ТОА ДУХОВНО ПОВЛЕКУВАЊЕ? ШТО ВИ ДОНЕСЕ ТОА ПАТУВАЊЕ?

„Беше многу лично патување. Јас сум христијанин и отидов на место со богата историја за христијанството. Ми требаше тоа време за мир, самотија, спокој, повторно да се поврзам со она во што во верувам, со Исус, повторно да се поврзам, да сфатам многу нешта зошто имав толку многу прашања. Тоа исклучително многу ми помогна. Успеав да пронајдам мир, ми даде многу спокој, добив одговори кои ги барав и ми даде сила да се соочам со она што ме чека. Беше тоа навистина многу убаво патување за мене“.

ВО КОЈА МЕРА ВЕРАТА БЕШЕ КЛУЧНА ЗА ВАШИОТ ОПОРАВОК?

„Беше клучна. Можноста повторно да се поврзам, да ја разберам својата сврха, да разберам зошто сум овде“.

ЗБОРУВАЈЌИ ЗА БОГА, ШТО ЗНАЧЕШЕ ПРОСЛАВАТА НА ГОЛ СО АЛБАСЕТЕ КОГА СО РАЦЕ ГО ПРЕКРИВТЕ ЛИЦЕТО?

„Да не ме гледаат мене, славата не е моја туку Божја. Го покрив своето лице за да не ме видат, туку славата да биде за Бога“.

ВЛИЈАНИЕТО НА ДРУШТВЕНИТЕ МЕДИУМИ ВРЗ ИГРАЧИТЕ

„Како проаѓа време, почнуваш да сфаќаш каде си и што си, големината на се што правиш. Пробав да го спречам, но на крајот те стигнува преку пријател, брат, семејство... Пробав да се оградам себеси, но кога допира преку твојата фамилија ужасно е. Ја погаѓа сопругата, татко ти, децата.. Можеби луѓето не можат директно да стигнат до тебе, но знаат дека ако на мета е фамилијата, можат.

Дозволете да ви дадам еден пример за тоа што го зборувам. Памтам еден ден, пиев мате со жена ми. Видов како наеднаш го смени изразот на лицето кога погледна во телефонот и очите и се насолзција. Ја прашав што видела, а таа ми рече: 'Не можам да ги сфатам луѓето кои посакуваат смрт на нашите деца'.

И кога работите одат до таму, сфаќаш колку мрднато општество е, колку се ненормални луѓето на социјалните мрежи. Можеби директно не те погаѓа, но семејството ти страда, мајка ти и сопругата ти патат, децата исто. Тие ќе мора да научат очигледно зошто таков е светот во кој живееме денес за жал, но тешко е кога фамилијата е погодена“.

Mundo Deportivo

11 февруари 2026 - 11:37