Ќе стартуваме со двајца големи фудбалски напаѓачи кои оставија голем белег, особено во италијанското првенство, Роналдо и Андриј Шевченко кои се родени во 1976, истата година кога е роден и Франческо Тоти.
Популарниот „Ил феномено" кој е најдобар стрелец на светските првенства со вкупно 15 гола, по успешнните авантури во ПСВ, Барселона, Интер, Реал и Милан ја напушти Европа во 2008 година. Роналдо ја заврши кариерата во Коринтијас пред 2 години, но потоа се му препушти на гурманскиот живот и стана 118 кила.
Легендарниот Бразилец откако сфати дека и по завршувањето на кариерата повторно ќе биде следен од камерите, вишокот на килограми реши да го отстрани со учество во реално шоу каде за кратко време успеа да ослабе 20 килограми. Тој ќе биде дел и од организациониот одбор на Мундијалот во Бразил.
Вториот играч, исто така поранешен член на Милан, веќе од 2006 година кога ја напушти Серија А излезе од посакуваната форма. Имаше неуспешни две сезони во Челси, уште понеуспешен кам бек во Милан каде постигна само 2 гола, а на крајот се врати во родната Украина каде до минатата година настапуваше за Динамо Киев.
Украинскиот ас се реши да влезе во политички води, но обидот му беше катастрофално лош, затоа што неговата партија на последните парламентарни избори во Украина освои само 1.58% од гласовите.
Фудбалерите врсници на Тоти кои очигледно не издржаа физички како ветерани се уште да бидат дел од од најважната споредба работа на светот се и Михаел Балак, Патрик Клајверт и Руд ван Нистелрој.
Поранешниот германски репрезентативец кој е еден ден роден пред капитенот на Рома минатата година му заврши договорот со Баер Леверкузен и ги закачи копачките на клинец.
Поранешниот холандски напаѓач кој најголемиот белег го остави во Барселона се повлече на 31 година, а во последната година настапуваше за тимот на Лил. Клајверт моментално работи како тренер на холандскиот прволигаш НЕЦ.
Златните денови за Нистелрој беа на „Олд Трафорд" каде претставуваше "машина за голови". Помина успешни 4 сезони и во Реал Мадрид, и по една во Хамбург и Малага каде се пензионираше мината година.
Од познатите фудбалери кои му се генерација на Тоти и кои се уште некако ја тркалаат топката ќе ги издвоиме Кларенс Сидорф, Алесандро Неста и Рекоба. Но ниту еден од нив ја нема формата и лидерската улога во екипата каде што настапува.
По долгата авантура во Милан, Сидорф оваа сезона настапува во бразилското првенство за тимот на Ботафого, но последните две вести поврзани за него беа смешното промашување пред празен гол и црвениот картон кој го доби поради инаетење со судијата.
Уште понеочекуван трансфер направи Алесандро Неста кој мина по една декада во Лацио и Милан. За формата на поранешниот италијански репрезентативец немаме многу информации затоа што се реши да заигра во непопуларното канадско првенство за екипата на Монтреал Ипмакт.
За да не излезе дека им фаќаме сеир или им судиме на овие познати фудбалски имиња што не сакаат или не можат повеќе да играат фудбал, ќе му ја честитаме шампионската титула на Рекоба, кој ете со 37 години, минатата сезона стана шампион во Уругвај со тимот на Национал.