Една таква лекција преку медиумите му одржа и на Јувентус кој заедно со Челси ќе игра во групата Е од Лигата на шампиони.
„Го победивме Челси затоа што фудбалерите перфектно ги следеа моите инструкции", изјави Аргентинецот.
„Бранислав Ивановиќ може да биде поминат по десната страна, Микел игра само хоризонтално, а Гери Кејхил и Давид Луиз никогаш не учествуваат во конструкцијата на играта."
„Затоа ние се решивме силно да ги притиснеме, дури и ги удвојувавме, а некогаш и по тројца ги чуваа Френк Лампард, Еден Азар и Хуан Мата."
„Така ги запоставивме другите и ризикувавме, но се исплатеше. Јувентус може да го направи истото, но на Антонио Конте не му треба мојот совет. Конте е победник, исто како Роберто Манчини и како најголемиот од сите, Жозе Мурињо", додаде Диего Симеоне.