Ја видовте ли акцијата на Наполи за која немаше одбрана?

За Наполи низ годиниве играа сјајни играчи како Хамшик, Лавеци, Кавани и Наполитанците секогаш негувале убав фудбал мераклиски. Сезонава ја почнаа неверојатно, со дури 9 рекордни победи по ред во сите натпреварувања. Во Лига на шампиони ги потопија Ливерпул (4:1), Ренџерс (0:3), Ајакс (1:6 и 4:2). Дадоа 17 гола на само 4 меча. Под водство на Спалети играат најубав фудбал во Европа.

Во нападот не се знае кој е во подобра форма, дали новиот шпиц Распадори, дали повратникот Осимен, дали Мексиканецот Лозано, а она што го прави Квича Кварацкхелија од почетокот на сезонава е за приказна.

Синоќа неаполскиот фудбал најдобро го почувствува Ајакс. Нашиот Елиф Елмас влезе во 73’ минута токму наместо Кварацкхелија и одигра пристојни 15-ина минути во големиот триумф:

13 октомври 2022 - 10:19