Доктор Џулијано Позер од Италија е човекот кој му го има сменето начинот на исхрана, а и начинот на живот (и игра) на Аргентинецот.
„Ти си вториот новинар кој влегува тука и сега слушај ме пет минути, само те молам без сликање“, му се обраќа Џулијано на новинарот на Мундо Депортиво.
Кој е неговиот метод?
„Се вика применета кинезиологија која прави анализа на силината на мускулите на спортистот. Од резултатите на анализата се воспоставува третман кој е различен кај секој. Основата е секогаш кај исхраната која треба да се содржи од 5 работи кои јас ги нарекувам супер бензин: Вода, маслиново масло, интегрални зрна, свежо органско овојше и зеленчук, само да не биде контаминирано, а препорачувам исто и суво овојше и семиња“.
Што треба да се избегне?
„Шеќерот. Тоа е најлошата работа за мускулите. Исто така и рафинираното брашно е голем проблем, како и пицата, разни закуски, брза храна...Сол? Може малку, корисно е. Мускулите имаат потреба од сол и телото генерално има потреба. Месо? Во умерени количини и многу помалку во однос на тоа колку го јадат Аргентинците, бидејќи се работи за храна која на организмот му е потешка за варење“.
Други работи од вашиот метод?
„Користам некои природни лекови, малку на хомеопатија или кинезиологија. Прво треба да се види што мака има пациентот и потоа се прави третманот, а потребна е и многу позитивната енергија кај човекот“.
Кои се резултатите на Италијанецот кај Меси?
Од 2006-та до 2013-та фудбалерот на Барселона имаше 11 повреди од кои само две не беа поврзани со мускулите. Од 10 ноември 2013 година друга музика. Меси немаше ниту една сериозна повреда на мускулите.
„Ефектот кај Меси ми го смени животот, пред се во првите три месеци бидејќи телефонот не престана да ми ѕвони. Ме бараа новинари од цел свет, дури и кога не сум во канцеларија. Сето ова кое го нудат може да ви го смени животот. Сега сите го гледаат примерот кај Меси и не се сомневаат во мојот метод“.
Меси кај Доктор Џулијано Позер го реши проблемот и со повраќањето.