Проблемот со повраќање Меси го решил во Италија

Италијанскиот доктор Џулијано Позер лечи многу познати спортисти, а тој тврди дека нашол чаре и за Меси кој на неколку натпревари повраќаше на терен.

Позер живее во Сачиле, мало италијанско градче со 20.000 жители во северно источна Италија. Според пишувањата на Газета дело Спорт, Меси трет пат оди кај него.

„Лионел беше тука на третмани, но од професионални причини не можам да кажувам детали“, вели доктор Џулијано кај кого во тој момент во чекална бил и фудбалерот на Виљареал, Лучано Вието.

Напаѓачот на Барселона го одбрал него по препорака на колегата од репрезентација Мартин Демикелис, а кај него оделе и многу познати поранешни играчи од Серија А, како Оливер Бироф додека играше во Удинезе.

„Бев и во Буенос Аирес на покана на многу пријатели меѓу кои има и фудбалери. Имам одличен однос со селекторот на Аргентина, Џерардо Мартино. Затоа тука беше и Меси, поради моите линкови со Аргентина“, вели Италијанецот.

Во изминативе 20 години тој им помогнал на многу спортисти како скијачи, велосипедисти и одбојкари кои пателе од разни проблеми.

„Барајќи чаре за мојот проблем со кичмата го најдов доктор Џулијано Позер од Сачиле кој успеа многу да ми помогне. Болките излезе дека биле предизвикани од еден заб. Ми кажа да го извадам забот и болката ми се намали за 50%. По една година повеќе немав повеќе болки“, изјави Лаура Кавалуци кој игра одбојка на плажа.

За доаѓањето на Меси дозна цел град.

24 април 2015 - 11:46