
Избраниците на Симоне Инзаги речиси цел меч имаа поголем посед на топка, креираа игра и шанси но никако не можеа да го совладаат гостинскиот голман.
Во 78’ минута Отавио доби црвен картон па нераѕурите со играч повеќе тргнаа во одлучна офанзива и тоа им донесе водство во финишот. Ромелу Лукаку кој влезе од клупата за резерви, погоди во 86’ минута кога од втор обид го совлада Диего Коста.
Во Германија, РБ Лајпциг и Сити одиграа 1:1. Гостинските фудбалери имаа контрола и целосен посед во првиот дел, а домаќините во вториот, па ремито беше најреален исход на крај. Манчестер Сити настапи без Де Брујне, Лапорт и Стонс, така што овој резултат им е одлична подлога пред реваншот на „Етихад“ на 14-ти март.
Сити поведе прв преку Ријад Марез по акцијата на Грилиш и Гундоган.
Ред Бул Лајпциг се врати во вториот дел кога офанзивата им донесе израмнување. Во 70’ минута Јошко Гвардиол со глава постигна гол по еден корнер на домашните.
Одбојкарски потег на Лајпциг во 94-та на кој судиите останаа неми