Аргентина на Копа Америка има пораз од Колумбија и реми со Парагвај, па во третото коло против Катар по кој знае кој пат ќе се спасува од срам да не испадне во прво коло од едно големо натпреварување.
Тешко е да се направи анализа зошто оваа звучна фудбалска селекција со многу ѕвезди никако не може да фати ритам, а уште потешко е да се донесе заклучок и да се најдат причините.
Некој упорно вината ја бара кај Меси што е логично со оглед на тоа дека е Меси, но треба да се земе во предвид дека Меси не е 11, туку еден играч, а ова не е тенис, туку колективна игра.
Радамел Фалкао вели вака:
„Ако Меси даде гол, луѓето бараат два. Ако даде гол од слободен удар велат дека живиот ѕид не бил добро наместен. Ако Аргентина изгуби, одма ќе почнат да зборуваат како тој бил крив. Тоа е цената што ја плаќа најдобриот фудбалер во светот“.
На фотографијата што ја гледате од мечот против Парагвај Меси прима топка на своја половина, а е напаѓач. Опколен е со противнички играчи, а еден од неговите си гледа во таквото. Што е најчудно во среден ден не само што никој не му се отвора да прими топка, туку живо пиле нема сем тој горе до аут линија.
Како ли да се протолкува оваа тотално дезориентирана акција на Аргентина? Сите стојат и чекаат на него или тој гледа дека ништо не преземаат, па сам се поти да ја реши?
Или оваа каде се наместени како за ракомет?
Дебатата за тоа дали најмногу е крив Меси или не затоа што Аргентина не освојува ништо, сигурно ќе трае и откако тој ќе се повлече од играње фудбал.
Она што окото не лаже низ годиниве кога ја гледаме Аргентина на светски првенства, а истото важи и за квалификации и Копа Америка е дека имаат напад боли глава кој не фуннционира, немаат никаква игра и изгледаат како раштиман оркестар, без разлика кој им е селектор.
Креативноста во среден ред им е нула, а тенка им е и одбраната. Прашајте го Меси што ќе ви каже за креацијата во среден ред во Барселона во изминативе 10 и кусур години.
Најголемиот успех на Аргентина во поново време им е финале на СП 2014 кое го загубија од Германија. Последниот Мундијал го освоија во 1986-та, а последната Копа Америка во 1993-та.
Кој колку и да е виновен стварно се тапа.