Хет-трикот на Меси беше поважен од концертот на Ју Ту

Славниот ирски бенд одржа концерт во најспецифичниот спортски момент за Аргентина, кога се одлучуваше дали ќе одат на Светско или ќе излезат најголеми лузери на свет. Организаторот најде чаре како тоа да се изведе.

48.000 луѓе во Буенос Аирес ги чекаа на бина големите звезди на Ју Ту, но концертот беше преместен 90 минути, бидејќи во ист термин играа едни други ѕвезди, оние на Аргентина кои пред себе го имаа клучниот меч за пласман на СП 2018.
 
Колку значи фудбалот во оваа земја, особено на еден ваков важен натпревар кога им се одлучува судбината за тоа дали ќе патуваат во Русија, јасно му било и да организаторот на настанот Даниел Гринбенк кој изјави:
„Предложив после настапот на Ноел Галагер кој заврши во 7, да ја претставиме играта на Аргентина, а потоа ќе го играме Ју Ту. Поставивме четири екрани, по еден во секој агол и тоа е тоа“.
Со една карта, Аргентинците добија 90 минути фудбал и шоу на Меси кој со хет-трик сам го совлада Еквадор и ја однесе својата земја на Светско, а потоа и концерт.
 
Атмосферата по последниот свиреж на судијата
 
Благодарноста на Боно до Меси
12 октомври 2017 - 09:33