Е:60 е емисија која се дава еднаш неделно на ЕСПН, а која има за цел да ги истражи проблемите во американскиот и меѓународниот спорт. За следниот вторник, на 12. мај е предвиден серијал кој ќе зборува за малверзациите на Сеп Блатер и луѓето околу него.
Притисокот врз Блатер следува по апсењето на германските новинари во Катар минатата недела, поради тоа што снимале репортажа за катастрофалните услови во кои живеат и работат градежниците. На новинарите им бил одземен и избришан целиот снимен материјал.
Претседателските избори во ФИФА се предвидени за крајот на мај, кога се очекува Сеп Блатер по петти пат да стане лидер на федерацијата која што ја контролира играта следена од милијарди луѓе. Владеењето на Блатер со ФИФА беше обележено со корупциски скандали, нетранспарентност, расизам, сексизам и пристрасно раководење. Гардијан пишува за бројните хуманитарни организации, кои известуваат дека во Катар секојдневно гине по еден работник на објектите.
Во меѓувреме, катарските власти соопштија дека ќе изградат седум градови во кои би се населиле градежници од целиот свет, кои ќе работат на изградба на стадионите. Катар има во план да насели 75.000 работници кои ќе мора што побрзо да изградат девет нови стадиони.
Трејлерот за документарниот филм: