Употребата на гол технологијата која се користеше на Мундијалот во Бразил, ќе биде избор на репрезентациите кои доколку се договорат да ја користат, ќе треба да испратат писмено барање пред мечот.
Истото важи и за свикување тајм аут кој се користи во случај на високи температури за играчите да земат здив и да се освежат со вода.
Светската куќа на фудбалот ја заостри и забраната за пушење на трибините, која нема да важи само на терен и во соблекувалните.
Построго ќе биде и за фудбалерите кои пред самите натпревари ќе треба на делегатите на ФИФА да им ги покажуваат пасошите. Причините за тоа се за да не се повторат проблемите од минатото Светско со некои играчи од африканските земји кои немаа валидни документи.