До 11 октомври Гибралтар на квалификациски средби имаше скор од 0 победи, 0 нерешени и 22 порази. На 16 октомври има 2 победи, 0 нерешени и 22 порази. Со оглед на нивното фудбалско педигре тоа е голем исчекор кој синоќа го славеа како млади деца.
По сензационалниот триумф против Ерменија на гости за што коефициент беше до 35, најмалата членка на УЕФА го изненади и Лихтенштајн и тоа со пресврт.
Гостите имаа водство од 15-та минута со голот на Салановиќ, но во вториот дел Гибралтарците имаа полувреме од соништата и за само 5 минути го свртеа мечот. Кабрера во 61-ва минута за 1:1, а потоа Чиполина во 66-та за 2:1.
Scenes in Gibraltar pic.twitter.com/FoLgv4WfOC
— tam sellics son (@gibbygibbo1) October 16, 2018
Full time
— Gibraltar FA (@GibraltarFA) October 16, 2018
Gibraltar 2-1 Liechtenstein
That winning feeling twice in a week @UEFAEURO pic.twitter.com/zMQqq6pH3c
Интересно е што сега и тие се во игра за пласман во плејофот за ЕП, бидејќи имаат 6 бодови исто колку Ерменија, Лихтенштајн има 3, а Македонија останува прва со 9.
Но 198-та фудбалска земја во светот за да стигне до тој подвиг прво ќе треба повторно да ја совлада Ерменија со која ќе игра дома, а потоа да слави и на Филип Втори.
Инаку оваа минијатурна земја од 30.000 жители има две победи во Лига на нации, а Германија и Хрватска уште не можат не победат.
🇬🇮 😳 #UEFANationsLeague wins...
— The Sportsman (@TheSportsman) October 16, 2018
- Gibraltar: 2
- Germany: 0#FRAGER pic.twitter.com/gX8Ng8NLQT