Хулан игра како напаѓачка во нејзината локална екипа Мидлетој Парк Лејдис во женската англиска лига, но ФА и забрани да настапува во следните две години со образложение дека не е целосно жена и дека за сега има право да настапува само во друштво на фудбалери.
32 годишната Англичанка веќе има лекарска потврда дека и е направена целосна хормонална трансформација, а нејзиниот женски пол го потврди и со документите каде се води како жена. Но според строгите англиски закони таа треба да направи операција за менување на полот, а потоа да чека уште две години за настап.
„Ова е тотално разочарувачки за мене и нема никаква логика. Сакам само да играм фудбал за мојот омилен клуб, а не побарав да играм во Барселона. Кога му кажав на мојот доктор за одлуката на ФА, тој се згрози. Јас го загубив хормонот тестостерон и сум премногу слаба да играм во машки тим, а од федерацијата не ни сакаа да ми ги погледнат резултатите од крвта кои беа исто како на секоја жена", вели разочараната фудбалерка.
Хулан има голема поддршка од целиот тим, но и од останатите фудбалеки од другите екипи. Операцијата за целосното менување на полот и е закажана за во март идната година, но доколку ФА не отстапи таа ќе може да заигра дури во март 2016 година. Нејзиниот последен настап во машката лига и бил пред пет години.