
Џо покрај тоа што навива за Нирнберг и е можеби единственото дете од цел Лондон кое го бодри овој германски тим, тој има уште една голема страст - љубител е на конструкторот Lego. Џо ги споил двете страсти и сега прави фудбалски стадиони кои изгледаат неверојатно добро.
Кога од Нирнберг дознале за малиот Џо и прекрасниот модел на нивниот стадион направен од Lego коцки, уредните Германци го поканиле да им биде гостин во Германија:
Но стадионот на „црвено-црните“ не е единствениот кој го направил малиот Џо. Тој направил и копија од стадионот на Шалке:
Набрзо го направил и оној на Келн:
Следен на репертоар му била „Бај Арена“, стадионот на Баер Леверкузен:
Стигнал и до Мајнц каде играше нашиот Николче Новески:
„Желба ми е да направам копии од сите стадиони во Бундеслигата со конструкција од Lego коцки. Германските навивачи се најдобри на светот“, рекол малиот Џо при посетата на Нирнберг.
А дека се сложуваме со него, тука.