Подобро деби во НБА франшизата, првиот пик на драфтот не можеше да посака. Играше против Хјустон Рокетс кој требаше да го бира но се откажа од него па после влезе тимот од Флорида кој го избра како прв, а на тексашаните им го оставија Џабари Смит Џр.
Банкеро синоќа за 26 минути на паркет имаше 17 поени, 4 скока и 6 асистенции и имаше голем учинок во триумфот на Орландо Меџик над Хјустон. Од друга страна, кај „ракетите“, третиот пик на драфтот Џабари Смит Џр за 31 минути постигна 10 поени со 4/10 од игра и 7 скока.
No. 1 overall pick Paolo Banchero hits the smooth turnaround fadeaway jumper 🔥
— NBA (@NBA) July 8, 2022
Live now on ESPN U and will resume on ESPN! pic.twitter.com/gkwkV1eP9e
Следниот меч Банкеро и Меџик ќе го играа во сабота против Сакраменто Кингс за кои игра четвртиот пик на овогодинешниот драфт, Киган Мареј.
Paolo Banchero shows off the footwork and the spin 👀
— NBA (@NBA) July 8, 2022
Catch the final minutes of Q4 live on ESPN! pic.twitter.com/TNywDtbF59
Paolo Banchero grab-and-go, nifty fadeaway J. Oh baby. pic.twitter.com/YVJnmCztk2
— Michael Gallagher (@MikeSGallagher) July 8, 2022
Како помина НБА драфтот и кои се играчи од Балканот?