Нов бундеслигаш следна сезона ќе биде Келн кој направи експресен кам бек во прва лига. Кога ланска сезона се крена завесата во Бундеслига, навивачите добија покана од келнската катедрала да дојдат на екуменска средба. На крајот на церемонијата претседател на клубот Вернер Спинер ги анимираше навивачите да ја изведат химната на Келн. Прекрасно.