Живее во Џенова и ми се пофали дека за прв пат во неговото 36 годишно постоење играл фудбал. Да видам, не верувам. Ама поверувам откако ми прати фотки и тоа со дрес на Македонската фудбалска репрезентација. Неговата екипа во која имало играч кој како млад тренирал во Кротоне тепала 6:4. Со оглед на тоа што го бива за на сцена, ама не фудбалска, ме зачуди кога ми кажа дека успеал да направи асистенција.
Брат, во Џенова се знае кој наш го бива за фудбал :).