Болоња пиша нова историја во неколку секунди со Борусија Дортмунд

На убавиот и култен стадион „Ренато Дал'Ара“ сезонава за првпат се игра Лига на шампиони после точно 60 години по последниот настап на Болоња во некогашниот Куп на европски шампиони. Ја забележаа првата победа и тоа после пресврт во само неколку секунди против Борусија Дортмунд.

Epa Images
Epa Images
Epa Images

Во 7. коло од Лига на шампиони синоќа пред 28.000 гледачи Болоњезите ја запишаа првата историска победа во модерната, современа Лига на шампиони.

Пред натпреварот навивачите на Болоња направиле прекрасна кореографија на цел стадион:

Борусија Дортмунд поведе прва во 12' минута од пенал преку високиот, корпулентен шпиц Серу Гираси кој се охрабри да изведе паненка и го матираше полскиот голман Скорупски.

Во 71' минута Болоња израмни благодарение на двајца ново-влезени фудбалери. Одгард центрираше до Далинга кој го совлада Кобел. Ова беше прв гол за холандскиот напаѓач во Лига на шампиони.

Само неколку секунди подоцна истиот играч можеше да даде нов гол, но голманот Кобел одбрани а одбиената топка во гол ја внесе доскорешниот фудбалер на Јувентус Илинг-Џуниор за 2-1 и огромна радост на исполнетиот „Ренато Дал'Ара“.

Болоња не можеше да се носи со најголемите и најбогатите европски клубови, синоќа ги освои првите бодови после серија порази, но престижот и искуството кои ги стекнаа ќе го зголеми реномето на овој симпатичен клуб.

Тифозите на Болоња синоќа ја видоа првата победа во Лига на шампиони и долго ќе ја паметат.

22 јануари 2025 - 08:28