Барселона напаѓаше во текот на целиот натпревар, но голманот на Гранада, Тоњо правеше чуда на својот гол и долго време не дозволуваше да се затресе неговата мрежа.
Гостите беа блиску до сензација и нивниот отпор беше срушен дури во 87-та минута со прекрасниот погодок на Чави.
Во судиското продолжение Гомез си постигна автогол за конечни 2:0.
Натпреварот го одбележа и еден невообичаен момент за екипата на Барселона. Конфликтите помеѓу фудбалерите на Барселона се реткост, а посебно не јавно на терен.
Меси му се наљути на Виља затоа што не му ја додаде топката и шансата на Барса пропадна. Во прв момент Виља му се правдаше, но потоа и тој му префрли на Меси.
Сепак по натпреварот Меси демантираше дека постои конфликт помеѓу нив.
„Не ги барајте проблемите таму каде што ги нема. Добро се согласуваме со Виља, а дискусиите се нормална работа за време на натпревар", изјави Меси.