Баерн Минхен му ја презеде водечката позиција на Манчестер Јунајтед на рангирањето на највредните фудбалски клубови. Минатата година брендот Баерн Минхен вредел 786 милиони долари, а оваа година европскиот шампион вреди 860 милиони.
Манчестер Јунајтед и покрај тоа што ја освои јубилејната 20-та титула оваа година забележа пад на вредноста на брендот од 853 на 937 милиони долари. Без поголеми промени во рангирањето во однос на минатата година, следат Реал Мадрид, Барселона, Челси, Арсенал, Ливерпул, Манчестер Сити и Милан, а финалистот Борусија Дортмунд се искачи на 10-та позиција.
На рангирањето на Brand Finance помеѓу 50-те екипи доминираат европските фудбалски клубови кои ги имаат запоседнато првите 18 позиции, а на 19-та е бразилскиот клуб Коринтијанс.
Клубовите од рангирањето во однос на минатата сезона забележале раст на вредноста на својот бренд од 7% во просек.