Анчелоти со Реал Мадрид води мртва трка за титулата во шпанското првенство и е во обид да стане четвртиот тренер со освоена шампионска титула во четири разлики земји. До сега го стори тоа со Милан, Челси и ПСЖ.
„Шпанскиот фудбал е поразличен и е огледало на филозофијата и културата на оваа земја. Повеќе се игра со голем посед на топка, додека во Италија се мисли повеќе на тактиката. Фудбалот тука е “жив“ затоа што има многу интересни млади играчи, ние донесовме пет во Реал, но сите зборуваат за Герет Бејл. Квалитетот на фудбалот во Серија А е помал, но ритамот отсекогаш е поразличен. Не се сомневам дека постепено ќе се покријат празнините во италијанскиот фудбал“, вели Анчелоти за италијанското радио Anch’Io Sport.
Тој ја анализира и работата на неговиот помлад колега Диего Симеоне кој со резултатите на Атлетико Мадрид драстично ја зголеми конкуренцијата во шпанското првенство,
„Атлетико е италијански тим, еден од неколкуте кој не практикува тики-така. Тие се неверојатно изненадување и нема да се откажат до крајот на првенството. Во тој тим кружи некоја позитивна енергија“, вели италијанскиот стратег.
Анчелоти смета дека Примера е интересна и поради тоа што покрај трите тимови кои се борат за врвот, има екипи како Сарагоса и Атлетик Билбао кои се компетитивни во првенството.