Ајакс и Панатинаикос се заборавија од шутирање пенали

11 квалификациски натпревари се одиграа во 3. коло од Лига Европа по кое следува плејофот.
Најдраматично беше во Амстердам каде се изведоа неверојатни 34 удари од белата точка.

Ајакс и Панатинаикос одиграа два натпревари кои заврши 1:0, по што ниту продолженијата два пати по 15 минути не завршија работа за да се одлучи победникот.

Се впуштија на пенали и зајдоа од шутирање. Изведоа дури 17 серии или вкупно 34 пенали, а јуначиште на крај излезе 40 годишниот голман на Ајакс, Ремко Пасвер кој одбрани 5 пенали и постигна еден гол. 

16 август 2024 - 08:20