Off Topic

БЈР Матрикс

Брус Ли не тепаше, Брус Ли страдаше. А страдаше затоа што беше принуден да ги тепа овие неразбраните! Како што може да ви каже секој локален „почитувач на делото на Ингмар Бергман”, токму тоа на Бруса најтешко му паѓаше. Пошто беше јак ко вол ама благороден ко шарпланинец.

Илон Маск: На факултет не ве учат туку ве примитомуваат

Откако речиси секоја лекција, предавање и учебник може да се најде бесплатно бидејќи осум милијарди носат библиотека во својот паметен уред, монополот на знаењето се урна за само една деценија. Но, звучните имиња на високообразовните институции не ја ажурираа цената. За таа цена младите луѓе биваат тестирани дали можат да бидат послушни и да извршуваат домашни задачи без да прашаат зошто. На системот му треба да бидете примитомени. 

Одбери ја својата криза на средни години

Не е лесно да си икс или миленијалец во „најубавите години.“ Премлади за умирање, престари за рокенрол, луѓето во тие години често знаат да поблесават во непознат правец, честопати во неколку контрадикторни правци. Ќе ги познаеш по тоа што почнале нешто скроз ново благодарејќи на животната мудрост, што ги откриле вистинските приоритети во животот и најмногу по тоа што се уби боже досадни кога ти зборуваат за тоа.  

Македонска компанија може да го рециклира Светско

По промената на спонзорствата или договорите за опрема, огромни неискористени залихи спортска опрема често завршуваат за уништување. Ројтерс направил фин прилог за македонска компанија која во сорабoтка со својот холандски партнер им дава втор живот на фрлените фудбалски дресови, торби, капи....

Вимблдонска утопија

За Макфакс Новак Ѓоковиќ изјави: „Имам голема желба да ја посетам Македонија, а, можеби, и нешто би организирале со Лина Ѓорческа и со Калин Ивановски“. Останатите портали во Македонија, за да избегнат да пренесат од конкурентски портал, но, веројатно, и поради кликбеит интерес, изјавата на Ѓоковиќ ја „пуштиле“ низ ВИ моделите па секој портал објави своја верзија на зборовите на Ѓоковиќ. Еден од нив беше: „Ѓоковиќ најави спектакуларен тениски меч во Скопје со Лина и Калин“.

Како рокенролот остана инфантилен

Погледнете ги Гиле и Аница Добра и ќе сфатите за што зборува Урош Ѓуриќ. За разлика од некои светски ветерани на рокенролот (Иги Поп, Дилан, Спрингстин...), добар дел од долговечните рокери од овие простори тематски не созреаја со своите години туку продолжија да рециклираат мотиви од својата младост, што знае да звучи и да изгледа баш гротескно. За разлика од една богиња Шемса, на пример.  

Кој тоа зјапа?

Мала компензација за сите оние мажи на кои девојките им мрчеле зошто зјапаат во нечие деколте или позадина. Истото видео е и помен за сите оние мажи кои некогаш поверувале дека големината не е важна.

Најлошите на свет

Замислете да се спојат Лени Рифенштал и нејзината режисерска сугестивност со, да речеме Вим Вендерс и неговата естетика. Замисливте? Е па сега замислите скроз обратно.

Истражувачко сурфање

Наполнете си го мониторот со 320 гигапиксели од Лондон. И после шарајте наоколу и зумирајте. Треба ли да ви кажуваме, вакви работи се прават за да барате цицки на некој прозор.

Кој не слуша, ќе повторува

Оние генерации кои растеа во екс Ју имаа среќа на телевизија да ги имаат вистински лекции за животот. И несреќа да се уверат дека ништо, ама баш ништо не научиле.

 

Пантон палета што може да ја разбереме

Верзија на Пантон што и машки ја разбираат, составена од сите основни групи на јадења: сувомеснатно, кашкавал, леб, кечап / мајонез и сланина.

Како се обраќаше Чавез

Легендарната порака до Џорџ Буш.

Во Тајланд, на количка

Кај нас во парк количките продаваат шеќерна волна и тоа (атер на детството и колку сме ја лапале) е океј. Во Тајланд продаваат инстант ролни сладолед што ти ги прават во живо. И тоа е многу по океј.

Што кога парите не би биле пречка?

Како би сакале да го минете својот живот? Онака искрено, како би сакале? Да, така е, парите... Но, што би правеле кога парите не би биле пречка? Убаво е секој за себе да си одговори на ова прашање, пред или откако ќе го слушне мислењето на британскиот професор по филозофија, Ален Вотс.

16 инфографици што ќе ви се најдат во живот

Затоа што луѓето не сакаат да читаат, а и сликите секогаш се поинтересни (плус целата равенка слика = 1.000 зборови), инфографикот се претвори во една прекрасна алатка за некому да му кажеш нешто што тој никогаш не би седнал да го прочита или не знаел дека го интересира.

На врх брда врба мрда

Слично како што Албанциите имаат тешкотии да ја изговорат буквата "х", пијаните да кажат "Фашистичка Шпанија" (што, не сте пробале?), а жените да изустат "Во право си", има нешто во говорниот апарат на Германците што ги кочи да изговорат - "squirrel". Аха! Да видите само како им трокира вилица на тоа.

Што сè може да се слави во март?

Има луѓе кои и предвремено се плашат од уште еден 8-ми март и неговите вонвременски параметри (цвеќенца и парфеми, пригодни тв емисии, жени од фирма собрани на пилешки прсти и вино...) ама мислат дека ќе стиснат заби и ќе издржат. Е па не баш! Март е идеален месец за оние кои сакаат секој ден да имаат некој повод за славење. 

Наочарите на Гугл 2.0

Наочарите на Гугл се еден од најочекуваните гаџети во последниве децении. Иако самата идеја е прилично блесава (дека кога гледаш нешто, глупо е само да гледаш туку ти требаат и дополнителни информации), Конан има уште поблесава идеја во кој правец би можел да се развие изумот.

Раскинување на денот

Таа сака да го проба најновото адреналинско лудило, скокање во клисура. Ама ѝ фуфка. Нејзиниот дечко ја храбри, зборува, одбројува. 45 минути траело пишманењето. На крај, тој решава да ѝ помогне да го направи решавачкиот чекор. Сега таа е жива, тој е сингл.

Клаперката на Тарантино

Клапер е оној што пред секој снимен филмски кадар мава со тоа таблата и го изговара бројот на сцената, за да ја олесни подоцна монтажата. И изговара стандардно, број на сцена а ако има буква, тогаш пилотски (фокстрот, јуниформ, чарли, кило). Досадно. Освен кај клаперката на Тарантино.

Ама зошто?

Цепаницава ја замолил жена му секое сабајле да го буди со шлаканица. А таа нејќе да му го крши меракот. Еве ги резултатите.

Лажица за диети

Можеби не треба да се менува диетата туку начинот на кој се остварува. Производителот на оваа генијална алатка гарантира дека можете да јадете што сакате и колку што сакате, сè додека храната ја земате исклучиво со ова:

Зошто некои луѓе слават два родендена?

Затоа што живеат, живеат и - бам! - пак живеат.

Козметичарите со маус

Ако сме искрени на тоа "пред" воопшто не му требаше "потоа," ама луѓето имаат работа да завршат.

Живот програмерски

Прва работа е дека програмирањето никогаш не изгледа како на филмови, втора работа е дека програмирањето никогаш не изгледа како што тие над тебе го замислиле, трета работа е дека програмирањето никогаш не изгледа како што ти самиот си го замислил.