Во цитатот на плусинфо, Павичиќ вели:
"Јас познавав друг град кој беше изграден по земјотресот '63. Тоа порано беше убав град, топол, со убави згради, елегантна геометрија, концертни сали и трговски центри."
Си викам, океј, во шок е човекот од она што го видел - ама не е ваљда до толку во шок што архитектурата од времето на бившиот градоначланик Благој Попов одеднаш му се омилила?
Идам на оригиналниот текст и ја наоѓам истата реченица која на хрватски гласи:
"Stajao sam u centru grada koji je nanovo izgrađen nakon potresa '63., i koji je u doba kad sam ga pamtio bio grad-obrazac racionalnog socijalističkog planiranja - grad jednostavnog, surog betona, elegantne geometrije, nebodera, trgovačkih centara, koncertnih dvorana rudimentarne jasnoće."
Каде исчезна "рационалното социјалистичко планирање" и од каде изникна "убав град, топол, со убави згради"?
поздрав,
Блажо