Off Topic

Вимблдонска утопија

За Макфакс Новак Ѓоковиќ изјави: „Имам голема желба да ја посетам Македонија, а, можеби, и нешто би организирале со Лина Ѓорческа и со Калин Ивановски“. Останатите портали во Македонија, за да избегнат да пренесат од конкурентски портал, но, веројатно, и поради кликбеит интерес, изјавата на Ѓоковиќ ја „пуштиле“ низ ВИ моделите па секој портал објави своја верзија на зборовите на Ѓоковиќ. Еден од нив беше: „Ѓоковиќ најави спектакуларен тениски меч во Скопје со Лина и Калин“.

Одбери ја својата криза на средни години

Не е лесно да си икс или миленијалец во „најубавите години.“ Премлади за умирање, престари за рокенрол, луѓето во тие години често знаат да поблесават во непознат правец, честопати во неколку контрадикторни правци. Ќе ги познаеш по тоа што почнале нешто скроз ново благодарејќи на животната мудрост, што ги откриле вистинските приоритети во животот и најмногу по тоа што се уби боже досадни кога ти зборуваат за тоа.  

Како рокенролот остана инфантилен

Погледнете ги Гиле и Аница Добра и ќе сфатите за што зборува Урош Ѓуриќ. За разлика од некои светски ветерани на рокенролот (Иги Поп, Дилан, Спрингстин...), добар дел од долговечните рокери од овие простори тематски не созреаја со своите години туку продолжија да рециклираат мотиви од својата младост, што знае да звучи и да изгледа баш гротескно. За разлика од една богиња Шемса, на пример.  

ВИ во одбрана на шефицата

Машинеријата на ЕУ има официјални алатки за вештачка интелигенција кои треба да им помогнат на функционерите и службениците во нивната работа. Ок. Германската европратеничка Кристине Андерсон поставила легитимно прашање: „Како да се ослободиме од Урсула фон дер Лајен како претседателка на ЕК?“ Системот веднаш ја блокирал заради прекршување на политиките за безбедност.

Коста Бургов има две солзи. Замрзнати.

После долга пауза, карактеристична за автори кои внимаваат на квалитетот (Ник Кејв, Боб Дилан...), еве ни го пак струмичкиот билбил. Песната почнува како да ќе грмне некој Далматинец од типот на Мишо Ковач но Коста ќе ја локализира и омекне со својот лирски вокал. Филозофска е, за смислата на животот, успехот... па и за смислата на самата физика: иако солзите биле замрзнати, тоест во тврда агрегарна состојба, тие сепак протекле низ неговото напатено лице „полно со неизвесности.“     

Лесни пари за лесни луѓе

Овде луѓе се заглавени по кладилници и мања-веча, но, во светот, главен муабет за комарџиски рефлекси се таканаречените пазари за предвидување во кои се влезени големи пари и бизнис империи (Трампови и други). Најголем меѓу нив е Полимаркет, бизнис проценет на 15 милијарди долари. Анализирале 1.100 видеа за да докажат дека за да с'скаат народ, Полимаркет плаќа за видеа со фејк добивки.

Другарство е кога...

Сите играте баскет за да имате оправдание од дома за сите заедно да одите на пиво? Не баш. Они имаат посилна поента и далеку поубаво прераскажано.

Џон Стујарт се врати на работа

Летово Џон Стујарт направи пауза од Дејли Шоу и неколку месеци отиде на Средниот Исток за да снима филм. На негово место, повеќе од феноменален беше неговиот дописник Џон Оливер. Прво му се паднаа добри вести, второ он е стварно добар. Сега, Стујарт се врати. Еве го неговиот дочек.

Домашното секс видео на Алиса Милано

Обично не ги објавуваме овие клипови ама девојката веќе со години нема снимено нешто интересно за на телевизија или на филм, но тоа никако не значи дека заборавила како се снима.

Оригиналот на Get Lucky?

Видето е аплоудирано на ЈуТјуб во 2011-та, дечкото со гитарата се вика Зак Ким, а песната "Robot Dance." До овој момент не сте имале ни поим дека всушност ја знаете песнава.

Скопско удри на мажи

Добро е кога пивата ќе се отворат со реклами. Па откако Даб ги наполни видеата со жени, Скопско реши да сврти на мажи и тоа мажи што би се бореле за своето пиво.

Трејлер во живо

Наоѓаш еден од оние момци што знаат да го копираат гласот што на времето ги најавуваше филмовите во трејлерите и го пушташ на улица. Само седи и уживај.

Секогаш погрешните Русинки ги увезуваме

Автопатот во близина на Нижни Новогород е познат по две работи, што има ограничување на брзината од 60 и 40 км/ч и тоа што никој не го почитува ова ограничувањето. Две храбри Русинки (по примерот на девојки од Холандија, Данска и сл.) решија гради в гради да се соочат со проблемот.

Во земјата на ФК Барселона

Отприлика секој фан на Барселона вака си го замислува рајот. Место во кое Меси предава модерни танци, Пике работи на царина, девојки на улица разговараат за тики-така, Иниеста прави графити со фудбал, а навечер цел остров се собира на Ноу Камп за да ги гледа овие како се фатиле да играат фудбал.

Упатство за вонземјани

Секој научно-фантастичен филм со вонземјани кој држи малку до себе, достојно го запознава гледачот и главните ликови со некои основни слаби точки на вонземјаните кои последователно ќе доведат до нивно комплетно уништување. Еве како би изгледало кога некој нам би ни направил слична анализа.

Тајното оружје на музичката индустрија

Девојката се вика Бони Мекки и на видеово ќе отсвири микс од песни што она ги има напишано, а тие се: Hold It Against Me, Teenage Dream, Dynamite, Last Friday Night, Part of Me, C'Mon, California Girls, Wide Awake... а од 2010-та до денес има работено со сите од Кејти Пери и Бритни до Леона Луис и Рита Ора.

Пејсажи полни храна

Карл Ворнер е еден крајно креативен дечко кој постојано работни нешто, од телевизија до фотографија, реклами, па и книги. Ова му се годинешните пејасжи што ги создаваше од храна.

Тито го изедоа!

Насловов сугерира уште една од оние будалаштини од типот Тито не бил Тито, Јоже не изел свинска глава, Јованка била од Марс а нејзината пунџа од Венера... Будалаштина е, ама поинаква. Повеќе е куриозитет, дека Монти пајтон и Тито во иста емисија, а ние тоа до сега не сме го знаеле.

И вие сте смешни

Ако во нешто помогна интернетот тоа е да ни докаже дека луѓето како род знаат да бидат глупи, ама не е дека само ние на планетава така се однесуваме.

Get Lucky без Дафт Панк

Ветуваме дека се различни од другите преработки, едната е Get Luckу во поетско читање верзија (Сајмон Пег + Ник Фрост), втората е со шпанска народна музика.

Штикли на скали, верзија ѓеврек

Девојкава ќе ви покаже нова техника на качување на скали со високи штикли. По нејзиниот првичен стил на одење не ни можете да претпоставите колку авангардна е таа техника. Работно ќе ја наречеме "ѓеврек", што значи, кога се качуваш по скали, треба сусам од нога да ти паѓа. На рипит моментот, на рипит.

Оваа дома не ти седи

Кристен Џонсон а.к.а. Лејди Худини. Не само што што е единствената жена на светот која ја изведува точката со излегување од вода туку до сега го има срушено рекордот на самиот Худини по број на изведени точки. И уште нешто, таа е единствениот илузионист во историјата (било машко, било женско), која оваа опасна вратоломија ја изведува без никакво криење.

Како тоа мислиш?

Дечкото кој на почетокот на оваа година нè воодушеви со легендарниот мешап Ленс Армстронг испадна голем цреп, повторно вади фасцинантно парче со филмски јунаци кои меѓусебе си викаат: Како тоа мислиш....? Колку време треба да собираш материјал за вакво нешто?

Каде гледа народов?

Девојкава станува ужасно популарна на интернет. А ништо посебно, на гитара е и ја пее Highway to Hell од AC/DC. Може вие ќе видите нешто што ние не гледаме а е причина заради која илјадници луѓе се лепат на ова видео.

Кога нинџа ти продава брза храна

Шаурма е нешто како донер / гиро само направено во голема палачинка и малку ставено на тост. Откако го разјаснивме ова, ѕирнете го човеков до кое ниво е стигнат во правење шаурма.

Не џабе е капетан на Ентерпрајз

Сер Петрик Стјуарт е вонредно шармантен човек. Вирално стана ова видео во кое тој, лежерно држејќи ја својата вереничка за нозе, и ги објаснува тајните на актерската техника која ја владеат само малкумина. Таканаречената четворна реакција. На човек кога ќе види добро женско дупе.

Уште една глава во ѕидот

Притворен за возење во пијана состојба. Пробува на полицајците да им објасни дека не возел тој. Ама, не се може со глава во ѕид. Кој бе не се може? Којзнае дали вака ги решава сите проблеми на кои наидува.

За халуцинациите се работи

Јапонците имаат врвни дроги. Ѕирнете ја оваа нивна супер реалистична симулација на коњски трки. Монти Пајтон! Очекуваме трибјут прилог за ова во емисијата која ја најавија Гораст и дечките од Квазар.