Off Topic

Вимблдонска утопија

За Макфакс Новак Ѓоковиќ изјави: „Имам голема желба да ја посетам Македонија, а, можеби, и нешто би организирале со Лина Ѓорческа и со Калин Ивановски“. Останатите портали во Македонија, за да избегнат да пренесат од конкурентски портал, но, веројатно, и поради кликбеит интерес, изјавата на Ѓоковиќ ја „пуштиле“ низ ВИ моделите па секој портал објави своја верзија на зборовите на Ѓоковиќ. Еден од нив беше: „Ѓоковиќ најави спектакуларен тениски меч во Скопје со Лина и Калин“.

Одбери ја својата криза на средни години

Не е лесно да си икс или миленијалец во „најубавите години.“ Премлади за умирање, престари за рокенрол, луѓето во тие години често знаат да поблесават во непознат правец, честопати во неколку контрадикторни правци. Ќе ги познаеш по тоа што почнале нешто скроз ново благодарејќи на животната мудрост, што ги откриле вистинските приоритети во животот и најмногу по тоа што се уби боже досадни кога ти зборуваат за тоа.  

Како рокенролот остана инфантилен

Погледнете ги Гиле и Аница Добра и ќе сфатите за што зборува Урош Ѓуриќ. За разлика од некои светски ветерани на рокенролот (Иги Поп, Дилан, Спрингстин...), добар дел од долговечните рокери од овие простори тематски не созреаја со своите години туку продолжија да рециклираат мотиви од својата младост, што знае да звучи и да изгледа баш гротескно. За разлика од една богиња Шемса, на пример.  

ВИ во одбрана на шефицата

Машинеријата на ЕУ има официјални алатки за вештачка интелигенција кои треба да им помогнат на функционерите и службениците во нивната работа. Ок. Германската европратеничка Кристине Андерсон поставила легитимно прашање: „Како да се ослободиме од Урсула фон дер Лајен како претседателка на ЕК?“ Системот веднаш ја блокирал заради прекршување на политиките за безбедност.

Коста Бургов има две солзи. Замрзнати.

После долга пауза, карактеристична за автори кои внимаваат на квалитетот (Ник Кејв, Боб Дилан...), еве ни го пак струмичкиот билбил. Песната почнува како да ќе грмне некој Далматинец од типот на Мишо Ковач но Коста ќе ја локализира и омекне со својот лирски вокал. Филозофска е, за смислата на животот, успехот... па и за смислата на самата физика: иако солзите биле замрзнати, тоест во тврда агрегарна состојба, тие сепак протекле низ неговото напатено лице „полно со неизвесности.“     

Лесни пари за лесни луѓе

Овде луѓе се заглавени по кладилници и мања-веча, но, во светот, главен муабет за комарџиски рефлекси се таканаречените пазари за предвидување во кои се влезени големи пари и бизнис империи (Трампови и други). Најголем меѓу нив е Полимаркет, бизнис проценет на 15 милијарди долари. Анализирале 1.100 видеа за да докажат дека за да с'скаат народ, Полимаркет плаќа за видеа со фејк добивки.

Совет од карикатурист

Бил Вотерсон е авторот на легендарниот стрип Калвин и Хобс, човек кој стига до својата слава по повеќе години работа на најразлични позиции кои никако не му прават мерак. Ова е неговиот совет за животот, без разлика што и каде работите. п.с. има и п.с.

Полјакот да ви каже нешто

Не џабе македонскиот народ во песна ја исклесал желбата: "Што ми е мерак полјак да бидам". Ова е Полјак со големо П и има совет за вас. Пoвторувајте по него: "Why problem make, when you no problem have, you don't want to make". Ќе видите и сами, по некое време станувате зен. "Why problem make, when you no problem have, you don't want to make". Toa e!

Кој е за тројка?

Млада и згодна двојка оди по улица и прашува луѓе дали сакаат тројка со нив. Демек социјален експеримент. Најдобриот одговор: "Стар сум 86 години. Имам јас повеќе од тројки".

Му мафнавте ли на Сатурн?

Знаејќи дека ќе не фотографираат од далечина од преку милијарда километри, илјадници Земјани во јули мафтаа кон Сатурн. Како испадна сликата?

Ужасот на немање мобилен со тебе

Ако сакаш да видиш колку си досаден кога имаш телефон со тебе, пробај да пројдеш еден ден со пријателите а телефонот да ти е заборавен некаде низ дома. Одвратно неинтересно.

Вилерови филмски постери

Порано се лепеа филмски постери по ѕидови како стејтмент за својот поглед на свет. Порано се ангажираше еден Пабло Пикасо за постерот на југословенскиот воен филм Неретва. Порано.

Последниот руски цар

На оваа музика, и снимки од Самка Ибраимовски да ставиш... добро, не баш.

Вера и невера

Нил ДеГрас Тајсон пробува себе си да им се објасни на другите и како тој ја гледа целата работа околу постоењето на Господ: "Некој што не знае, што нема видено докази за тоа, ама е подготвен да ги прифати доказите ако се појават, но ако не постојат нема да биде присилен да мисли нешто што на друг начин не е поддржано."

Другарката Јованка Броз

Едночасовен документарен филм за Јованка Броз, животната сопатничка на Тито во последните 30-тина години од неговиот живот. "Што можам да му замерам како на сопруг? Тоа што работи многу," вели жената која на 28 години реши да се омажи за 60-годишниот супер-херој на некогашната СФРЈ. Почина во Белград на 89 години.

Точка на прекардашување

Насилството не е решение. Никогаш. Не треба ниту да се размислува за тоа. Ама... Ако некако мислиш дека функционирањето на комплетниот сообраќај треба да зависи од траењето на твојот разговор, може и е логично да ти се случи ова.

Армија ми пее рано насабајле

Не сме сигурни што има во утринските програми по македонските телевизии ( ги памтиме по омилената реченица на водителките: "велиме добро утро за кого?") но во руските, ти доаѓаат офицери од армијата и ти ја пеат Скајфол од Џемс Бонд. Оди па не се рассони.

Кога шампионите се шамараат

Во студио, еден до друг, без никаква посебна најава Луи Ц.К. против Џеј Лено. Ништо насилничко, само одлична серија на спуштања еден на друг.

Се е добро кога добро ќе заврши

Старо видео парче кое секогаш знае да ни ја врати довербата дека во космосов има некоја правда. Новинарско јавување во живо, добро, до крај.

Како се пали оган со мобилен

Ако баш баш се изгубите во дивина, се стемнува и заладува а немате со што да запалите огин (ама случајно имате и папрат и нож), Bear Grylls ќе ви објасни како да го употребите својот мобилен телефон. Ама што ќе ви е огин ако после немате како да се пофалите?

Pearl Jam - Mind Your Manners

Прв видео спот од 10-от албум на дечките од Сиетл. Албумот се вика Lightning Bolt, спотот е во режија на Дени Клинч. Си грмиме.

Пијан vs. напушен

Истиот човек во двете ситуации, има задача да мине 7 тестови. Она што уште од старт е голем плус за кампањата на напушениот е што уште никој не се разбудил мамурен од марихуана.

Тие го промениле името па што?

Да видевме ваков наслов на медиумите кои дудлаат кај Владата, ќе мислевме дека е порака од горе за менување на курсот. Да видевме ваков наслов кај сороспиите, ќе мислевме дека појачуваат притисок за предавство. Кај нас, којзнае што се помислува. А е рокенрол. Пошто од секс, Маро мори, абер да се немало. 

Збумбарен од летање

Конечно можеме да ја видиме музиката од Бумбаровиот лет на Римски- Кoрсаков. Без бумбари, нормално. Фина визуелизација.

Во змаевото гнездо

Кога ќе решиш да опљачкаш шугаво гранапче а нема кој да ти каже дека гранапчето го држи некој дојденец од Америка кој порано бил познат ама му досадило тоа па решил да се повлече во Бразил. И го викале, како беше... да, Чак Норис.

Ела да ти го покажам сонцето

Да бидеме реални, кај нас ова може да доведе до општа тепачка. Замислете ги нашите гревови кои кмишат во Заводот за вработување. Им влегува флешмоб со инструменти и почнуваат да им ја пеат "Here Comes the Sun". Замислете!

А ова е твојот одмор во Русија

После цела година работа, одиш на одмор, дента рано стануваш за на плажа, фаќаш одлично место за пешкирот, се закотвуваш, кога одеднаш те облива непогрешиво чувство дека се наоѓаш на плажа во сопственост на руската армија.

Сепак сме Словени

Во рускиот град Уфа свечено беше пуштен во употреба новиот подземен премин, инвестиција за која градот одвоил близу еден милион евра. Од новиот премин се очекува битно да ја зголеми безбедноста на пешаците и да го олесни секојдненото движење на ова фреквентно место. А сега, да ви го објасниме насловот.