Off Topic

ВИ во одбрана на шефицата

Машинеријата на ЕУ има официјални алатки за вештачка интелигенција кои треба да им помогнат на функционерите и службениците во нивната работа. Ок. Германската европратеничка Кристине Андерсон поставила легитимно прашање: „Како да се ослободиме од Урсула фон дер Лајен како претседателка на ЕК?“ Системот веднаш ја блокирал заради прекршување на политиките за безбедност.

Коста Бургов има две солзи. Замрзнати.

После долга пауза, карактеристична за автори кои внимаваат на квалитетот (Ник Кејв, Боб Дилан...), еве ни го пак струмичкиот билбил. Песната почнува како да ќе грмне некој Далматинец од типот на Мишо Ковач но Коста ќе ја локализира и омекне со својот лирски вокал. Филозофска е, за смислата на животот, успехот... па и за смислата на самата физика: иако солзите биле замрзнати, тоест во тврда агрегарна состојба, тие сепак протекле низ неговото напатено лице „полно со неизвесности.“     

Лесни пари за лесни луѓе

Овде луѓе се заглавени по кладилници и мања-веча, но, во светот, главен муабет за комарџиски рефлекси се таканаречените пазари за предвидување во кои се влезени големи пари и бизнис империи (Трампови и други). Најголем меѓу нив е Полимаркет, бизнис проценет на 15 милијарди долари. Анализирале 1.100 видеа за да докажат дека за да с'скаат народ, Полимаркет плаќа за видеа со фејк добивки.

Екс Југославија како расадник за Светско

Иако просторите на поранешна Југославија имаат население кое изнесува само 0,2 проценти од светската популација, фудбалерите со етничко потекло од овие краишта прават 7,6% од играчите на Светското првенство во фудбал 2026 година и играат во дури 28% од присутните репрезентации.

Кога државник си ја почитува земјата, и империите знаат да се повлечат

Да ви раскажеме една епизода од богатиот политички и државнички живот на Ли Куан Ју, човекот кој се смета за татко на модерниот Сингапур која објаснува зошто тој се смета за еден од најголемите државници во 20-тот век. Личниот интегритет на еден лидер не е само квалитет кој важи за него, тоа е и капитал кој тој го вложува во градењето доверба и долгорочна успешност на една нација.  

Што се мисли таа Каталонија?

Во Каталонија (формално, Шпанија) некој продава имот со куќа, лозје и пар дребулии. Цената е мрсничка, 825.000 евра, но, почекајте ви кажеме што сè следува во таа цена па подоцна сами направете споредба со цените во Скопје и другите наши „велелепни“ средини.

Албуми што во 2014. ќе наполнат 20 години

Не е проблемот што овие се по 20 години стари, проблемот е што ние веќе сме биле доволно стари за да ги запамтиме кога им била премиерата.

Само во Њујорк

Среде центар на град, Бетмен малку губи живци ама доаѓа Спајдермен па го смирува. А како да не те смири Спајдермен со педеруша?

Да ти се одмили сладолед

Веројатно ова не е интересно само за тој што го чека сладоледот, додека сите околу тераат мерак.

А сега, еж!

Ова што понатаму ќе го видите не може да се објасни ништо повеќе отколку она што е кажано во насловот. Инаку, го фотографира Јапонецот Шота Цукамото, кој на ежето му има посветено цел Инстаграм профил со над 390.000 следбеници.

Баскет со бумеранг

Најлошо е да немаш со кого да свртиш баскет во маало или во двор. Ама тогаш можеш сам да пуцаш на кош и да се вежбаш. Што е најлошо кога сам пуцаш на кош? Што после секој кош одиш по баскетот. Не цвикајте, еве решение.

Мехо Пузиќ за вас, прекрасни домаќини

За сите оние кои ги имате во друштво а кога сте излезени/заседнати редовно кенкаат дека треба да се оди дома пошто ова, она, денес биле уморни, утре имаат триста работи уште од најрано сабајле.... и такви работи. Бонус: консензуално весела публика, џигерици безброј, Конан Д Барбериан на хармоника. 

Кутија ко кутија, празна

Ама не е така. Дечкиве создале нешто што вака на прва (а и на следните) изгледа како картонска кутија, само според нив ова што ќе го видиме комплетно ќе промени како пакуваме работи (плус ќе ја спаси Земјата од загадување).

Најљубовни видео инсерти

Колку што сфативме од Боб Сагет, се работи за брат и сестра кои животот ги има разделено со провалија. Во еден момент и двајцата решаваат да фатат заедно да работат на проблемите меѓу нив.

Во што е "магијата" на Калашников (АК47)

Изумителот на најраспространетиот автомат почина вчера на 94 години. Главната асоцијација за АК47 е дека е феноменална комбинација на издржливост и едноставност за произведување и користење. Еве го објаснувањето зад сето ова:

Решение против загадувањето

Судбината споила еден млад генијалец од Романија и еден машински инженер од Мелбурн. 500.000 лего коцки подоцна, го имаме овој автомобил кој сосе мотор е направен од познатиот материјал за детски играчки и воздух како погонско гориво. И го оставате пред зграда, и маалските сеирџии ви преместуваат едно 7-8 битни коцки.... 

Видео што ќе сака да ве учи историја

Не навлегува директно во темите што бескрајно се зборат, туку општо ни дава перспектива на денешницата во однос на она што минало и она што нè чека.

SkiChallenge '14

Лошате вест е што на толку чекање тек сега ни текна на игрицава. Добра вест пројдени се само 2 трки, имате уште 4 за возење, плус Олимпијадата во Сочи, плус имате различни типови трки, плус од годинава игрицата ја имате и за смартфон, па кај и да сте ќе може да се тркате. Можете да ја играте во браусер, а може и да ја симнете па да ја инсталирате. Ајде пробајте се.

Леб за само 10 дена

Денес леб можеш да направиш сам или во машина за само два часа. Брашно, вода, инстант квасец... ама, инстант квасец е за пацери. Потребните култури и бактерии веќе ги има во брашното, само треба да им дадете време да живнат, хранејќи ги со грозје. Не ви е јасно?

Нејќе ветар у поштена Македонија

Пред некој ден наидовме на интерактивна мапа на сите можни ветришта кои дуваат на планетава Земја. А нон-стоп дуваат, блазе си им. Него, што заклучивме по неколкудневно зјапање?

Како поднесувате шарено?

Фасцинантен резултат од една опсесивна - компулсивна пореметеност. Му пречело што автомобилите не возат подредени по боја туку кој како стигне си тера и испаѓа шарено и несредено. Па зел и ги прередил. Пазете, нема тука никаков Фотошоп и боење. Тоа се нивните вистински бои, тој ги преместил колите и ги спастрил како што треба, да се знае ред. 

70 години тркалање

Кит отсекогаш ни изгледал како да има 70. Од овој 18-ти декември и официјално ги има толку. Со оглед на неговиот табиет и нездрави склоности, чудо е што ги дочека. Ама па може тој истото ќе го збори кога ќе полни 110, а нас ќе нè нема.

Никогаш не е досадно на семафори во Русија

Сериозно, не треба ништо да правиш, можеш само да седиш и да чекаш некој да те изненади. На пример, чекаш зелено кога од никаде оваа шлеп служба се појавува... Само да стигнеш број да запишеш.

Делот за Пол Вокер што не го знаете

На страна колите, филмовите и Вин Дизел, Пол Вокер имаше една многу посериозна занимација - спасување и помагање на луѓе по катастрофи. Ова е неговата организација - ROWW, мрежа на професионалци кои во случаи на катастрофа одат на терен и директно им помагаат на локалците.

Среќни Фотошоп празници

До сега научивме дека се додека знаеш Фотошоп која било просечно убава девојка можеш да ја направиш кукла. Веќе сме во фаза - просечно убава девојка е стара фора.

Тажната фото-приказна на татко и ќерка

Во 2009-та Али Нунери се мажи за Бен. За свадбата прават фото-сесија во празна куќа во Синсинати. Во 2011-та, Али починува од рак на бели дробови и зад себе го остава Бен и 1-годишната ќерка Оливија. Со наполнети 3 години, Бен ја враќа Оливија во куќата каде што правеше фото-сесија со Али. Ги прават (речиси) истите фотографии.

Како светските медиуми ќе го пренесат крајот на светот

Не сме светски ама да кажеме за нас - Офф.нет веројатно ќе има 3 рецепти за најбрзи сендвичи, песна од Џони Кеш во која на него му е потешко од сите што ја гледаат апокалипсата, и компилација од снимки од сите места каде што удрил метеор (ако по таа основа исчезнуваме). Еве како ќе изгледа тоа во светот:

Пружи рака, не биди прост

Ракувањето е еден од најуниверзалните облици на невербална комуникација. Но, во различни делови од светот важат различни дијалекти.

Јовано, Јапонке

Отоџу плус Реј плус Моку.... Кој и да ја свири оваа нашава "Јовано, Јованке", на човек му доаѓа да му викне саке на бендот.