Off Topic

Лесни пари за лесни луѓе

Овде луѓе се заглавени по кладилници и мања-веча, но, во светот, главен муабет за комарџиски рефлекси се таканаречените пазари за предвидување во кои се влезени големи пари и бизнис империи (Трампови и други). Најголем меѓу нив е Полимаркет, бизнис проценет на 15 милијарди долари. Анализирале 1.100 видеа за да докажат дека за да с'скаат народ, Полимаркет плаќа за видеа со фејк добивки.

Екс Југославија како расадник за Светско

Иако просторите на поранешна Југославија имаат население кое изнесува само 0,2 проценти од светската популација, фудбалерите со етничко потекло од овие краишта прават 7,6% од играчите на Светското првенство во фудбал 2026 година и играат во дури 28% од присутните репрезентации.

Кога државник си ја почитува земјата, и империите знаат да се повлечат

Да ви раскажеме една епизода од богатиот политички и државнички живот на Ли Куан Ју, човекот кој се смета за татко на модерниот Сингапур која објаснува зошто тој се смета за еден од најголемите државници во 20-тот век. Личниот интегритет на еден лидер не е само квалитет кој важи за него, тоа е и капитал кој тој го вложува во градењето доверба и долгорочна успешност на една нација.  

Што се мисли таа Каталонија?

Во Каталонија (формално, Шпанија) некој продава имот со куќа, лозје и пар дребулии. Цената е мрсничка, 825.000 евра, но, почекајте ви кажеме што сè следува во таа цена па подоцна сами направете споредба со цените во Скопје и другите наши „велелепни“ средини.

И за висината ли лажеше бе, стари?

На њујоршката возачка дозвола од 2012 година, на негова 66 годишна возраст, наведено е дека Доналд Трамп е висок 187 сантиметри. Подоцна изгледа се има извишено па последниве години службите инсистираат дека е висок преку 190 сантиметри. Деновиве се сретна со лидерот на сенатското мнозинство Џон Тун кој е висок 193. Што значи дека разликата  меѓу нив би требало да биде само три сантиметри. А скоро цела глава е.

Лионел Меси е статистичка аномалија

Перформансите на аргентинскиот фудбалски патријарх во голови и асистенции толку остапуваат од нормалната крива на дистрибуција што кога просекот на висината на луѓето би изнесувал 1,75 метри, Меси би бил висок над 2,30 метри. Веројатно никогаш во животот нема уште еднаш да видиме таков феномен, во која било област.     

Документарци за сите пари

Затоа што гужвана на ЈуТјуб, Вимео и слично не е лесна за снаоѓање, овие се трудат да индексираат колку можат повеќе од тоа. Им фалат уште седумдесетина за да стигнат до 5.000 документарци, а тие што го имаат им се поделени во 26 категории.

Оскар анонимус

Оскар немаат добиено легенди како Гери Олдман, Роберт Дауни, Ралф Фајнс, Едвард Нортон, Ди Каприо.... Ама затоа во алејата на бесмртните актери, со Оскар за најдобра машка улога, штотуку влезе Еди Редмејн. Ху? Игзектли. Во 90 секунди сè што треба да знаете за него. Доста му се, засега.

Шарлиевите ангели кај Ферал Трибјун

За оваа средба пишуваше Борис Дежуловиќ во постхумното сеќавање на трагично загинатите браќа од Шарли Ебдо кои во полн состав (Шарбоние, Волински, Тињус...) во 1994-та ја посетуваат редакцијата на Ферал Трибјун. Овојпат имаме видео за обратната страна, за тоа како на Шaрлиевците им изгледала таа посета на воено трауматизираниот Сплит.

Уште пократка историја на времето

Замислете свет во кој не постои 15 до 3 или 9 и 25. Како човекот успеа да го скроти времето истовремено станувајќи негов господар и слуга. Кога престанавме да јадеме кога сме гладни, туку го правиме тоа кога е време за јадење.

Звуците кои ги изеде емпетројката

.mp3 беше револуционерна компресија и њојзи хвала. Ама во таа компресија изгубивме детали кои најчесто не ги ни забележувавме а кои ни ја осиромашија калоричната вредност на она што го слушаме. Студент од Харвард покажува што испуштаме кога слушаме една позната песна во емпетри фајл. 

Слабејте со Talking Heads

Толку нема кој уште да слабее бидејќи сите се веќе во тој филм, останаа уште пополнетите фанови на Дејвид Брн да се издефинираат. "Stop making sense and star burning calories". Добра заебанција, следни се фановите на Канго.

Како се дефинира убавина низ светот

Пред неколку години 29-годишна Романка дава отказ на својата позиција и тргнува на патување околу светот. Ги минува сите континенти (освен Антартик), а во нив околу 37 држави. Фотографира што според локалците е (женска) убавина. Сите се некаде нејзина возраст. Ова се некои од нив.

Викенд со Вајс

Ги водиме како документарци, ама многу повеќе се репортажи за "вести од светот" што никако да најдат ред и да се појават на вести и дневници. Изборот е од околу дваесетина вакви репортажи.

25 години правење што сакаш со Фотошоп

Една од најмоќните алатки со најголем придонес за глобалната креативност наполни 25 години. Видеово НЕ е ретроспектива на овие 25 години.

Споменикот што стана библиотека

По 25 години под катанец, во стариот центар на Букурешт отворена е една зграда од 19-ти век (му припаѓала на банкарско семејство, па била национализирана од комунистите). Воскресението на зградата е во форма на библиотека, и изгледа вака:

Искрена реклама за дијаманти

Не дека видеово ќе ти послужи како некакво алиби ако ти е дојден редот да купуваш дијамантски прстен (кај ќе бегаш ако е 5-ти месец трудна???), ама добро е за да знаеш дека си во право за тоа што мрчиш.

Порно ѕвездите против 50 нијанси сиво

3 порно ѕвезди (Nadia Styles, Mercedes Carrera, Nina Elle) со 5 причини зошто не го бива филмот и многу замаглени пиксели.

Златни наши феминистки

Ако имате жена за која мислите дека честопати знае непотребно "да ве пресече", одгледајте го ова и ќутете си после.

Суровоста на капиталистичкиот хумор

Кој последен се смее, капиталистички се смее.

Писмо на Ајнштајн до синот

На клавирот свири ги оние композиции кои ти годат, дури и ако учителот не ти ги дал за задача. На тој начин најмногу ќе научиш бидејќи кога правиш нешто во што уживаш, нема ни да забележиш дека времето минува.

Како да живнат скопските шанкови

Шанковите честопати знаат да бидат окупирани од намќори кои едвај чекаат да слушнат куртоазно прашање од типот "Како е?" за да си ја отворат душата и да му го истурат на соговорникот сиот чемер кој го насобрале во себе. Ова би била фина одбрана од нив. Ако некој угостител ја набави оваа алатка, ете не нас одма на тој шанк, облечени во гумено.

Авторот на Дилберт против страст и таргети

1. Луѓето што победија на последниот Американски Идол имаа страст за пеење, меѓутоа илјадниците што не победија на последниот Идол исто така имаа страст за пеење. 2. Зошто никој не ги интервјуира луѓето пасионирани околу она што го прават, кои не успеале. 3. Можно ли е страст да е чуство кое го имате кога работите добро ви одат.

Човек, другар, навивач

Ако може да судиме, тогаш пропустот му е што сред лето, сред Турција влегува на стадион облечен во мантил. Ако може да му се восхитуваме, е што на трибини пробува да прошверцува цела гајба пиво, а не шконтарски само за себе.

Најдобрата лажна емисија за готвење

Денес пробуваат еден нов кујнски апарат кој прави сè, наспроти традиционално готвење на шпорет. Ќе готват жежок мокар ориз (а.к.а. рижото).

Стравот песната ја чува

Можеби секој од нас треба да си одбере песна која ќе му се најде за глумење нормалност во случај непотребно да се исплаши. Еве да речеме, Шанделир е зафатена.

Комплетчето наречено Сара Шафак

Би требало да ви фати око ако сте гледале Kitchen24. Има само 23 години, мис на Финска е а освен што готви, знае да блефира за големи пари.

Совети и славни

"Никогаш немој да и кажеш на сопругата дека е лоша во кревет, затоа што ќе оди да бара второ мислење," Родни Дагерфилд.