Off Topic

А ќе речеш, атом ко атом

Нашата ментална стабилност се одржува благодарејќи на тоа што сме површни (ок, и што не се  дружиме со сељачаана). Да се нурнеме во сите езотерии на физиката, има да ни летне петлето. А сè започнува со една банална констатација - сè на овој свет се состои од атоми. Пих. Ама потоа се оди во подлабокото. Да го исфрлите празниот простор од сите атоми од кои е составен човечкиот род ќе ви остане - колку коцка шеќер. Гад дем!

Маалска алапача

Како најголем ропак, Трамп ја коментира оставката на директорот на американскиот Центар за контра-тероризам, Џо Кент, дадена поради несогласување со војната со Иран. Дечкото не сум го сакал многу ама ми беше жал, два пати не го изгласаа па да му дадов да работи нешто... Го вика и ова: „Жена му беше убиена а тој БААГИ БРЗО СЕ ПРЕЖЕНИ“ (?!) Ви се верува ли каков шабан е тоа?

Попај е силен заради грешка во децимала

Популарниот цртан со морнарот кој ја добива силата од спанаќот стартува на почетокот на 20-тите години на минатиот век и се темели на „научната вистина“ за високата содржина на железо во спанаќот, нешто што со години се користеше за да се убедат деца да јадат од тоа зеленото (кое сепак не е лошо во пита). Само што таа научна вистина е дебела грешка, уште тогаш стара со децении. 

Анатомија на една пропадната револуција

„Само вие вреѓајте ги па ќе ги добиете нивните гласови,“ иронизира Милан Миленковиќ, српски радио-водител со луцидни, остри и провокативни опсервации. Резимира како шарените го вратија Вучиќ во игра а сепак остануваат надмени кон небањатите ќаци, заборавајќи дека демократијата е еден човек - еден глас.. „Подеднакво ми е тежок триумфот и на власта и на опозицијата,“ вели Миленковиќ.

За 20 години Израел нема да биде држава

Вакво предвидување нуди пензионираниот американски полковник, Лоренс Вилкерсон, некогашна десна рака на Колин Пауел. Проценува дека Израел ќе лизне во некаков апартхејд, отфрлен од светот како некогаш Јужна Африка. На времето, цел генералштаб го има советувано ХариТруман да не го признава, бидејќи со толку многу антагонизирани Арапи околу него, Израел претставува стратешки хендикеп.

... толку полошо по фактите

Колумнистката Мелани Филипс (екс Гардијан, лондонски Тајмс, Спектатор...)  ја дијагностицира актуелната состојба на Западот каде поради идеологиите, протерани се фактите, објективната реалност и рационалноста. Ништо не смее да застане на патот на замислениот совршен утописки свет: дека мулти-култи ќе ги елиминира предрасудите, дека зелените агенди ќе ја спасат планетата... Кој извади докази против тоа, го јадел.

Двоножни пријатели

Краткото филмче "Подарок" за кученцето инвалид има учествувано на преку 180 фестивали, има собрано 59 награди а авторот добил покана за работа во студијата за анимација на Дизни. Ќе го погледнете, ќе ви се бендиса и на крај ќе речете: Биваше ли бе ваков наслов да ставите?

Како да познаеш Балканци околу себе?

"Ако наидете на гласно смеење и го слушнете зборот 'политика', тие сме. Ние сакаме да пиеме ракија и да зборуваме за политика. Кога ќе се согласиме дека нашите влади не вредат за кавга, продолжуваме само со ракија".

Како се враќа белата во билијар?

Видео анализа на тоа како функционира масата за билијар; жетоните, важноста на матинелите, зошто топките паѓаат дури откако ќе ја пуштиш рачката па сè до интригантното прашање од насловот.

Остарени брејкденсери

Стварно, како изгледа брејкденсер кога ќе остари? Тоа е темата на ова видео во кое се најдени учесниците на едно брејкденс шоу одржано во 1986 во тогашниот Советски Сојуз. Денес на свои 40 и 50 години живот. Старките уште мрдаат.

Не барај предлози од интернетчии

Девојка со електрична гитара во рака и исламска шамија на глава, на интернет побарала предлози за името на нејзиниот бенд. Ох, колку погрешно!

Животот на Смртта

Старински, тоест рачно анимирана приказна за Смртта која се вљубува во Животот. А како што знаете од песните, сите љубови се тажни.

Работи што не влегоа во Дедпул

Алтернативни сцени, реплики, блупери и слични моменти што не се квалификуваа во конечната верзија на филмот, ама завршија во ДВД изданието.

Девојката со дух и Ченинг Тејтум

Карли Флешман е аутистична и не комуницира вербално, што значи дека претежно овие работи ги врши преку куцање и пишување, односно преку таблет. Карли седнува на интервју со Тејтум.

Стриптизерска жетва

Работа ко работа, стануваш во 5 поладне, гледаш да завршиш што имаш работа и во 22 да се нацрташ во стриптиз клуб, па таму скоро до сабајле на шипка. Пред одење дома, обавезно броење пари и по некое селфи со прометот од твојата смена.

'Слободарската' на Едо и Култур Шок

Едо Маајка и Гино од Култур Шок деновиве објавија една современа првомајска корачница под име "Слобода" со еден моќен текст од кој се подголтнува горчина кога ќе резимира човек "што мислевме, што излезе." Бујрум народе на мало шамарање - џабе.

Мајлс Дејвис за Принц

Мајлс Дејвис: "Принц е Џемс Браун, Марвин Геј, Џими Хендрикс и Чарли Чаплин - заедно". А има и бонус.

Најдобро е да си глуп и убав

- Како би сакале да умрете?
- Со пиво во рака. Смртта да ми пријде на шанк и да ми каже "Тоа, лаву!"

Сè е во нејзини раце

Порт Хурон, Сад, 1855 година. Малиот Томас Алва Едисон на мајка си ѝ предава писмо кое му го дале на школо. Таа го отвора и чита: "Вашиот син е гениј. Нашето училиште е премало за него а нашите учители не се доволно добри да го научат нешто. Ве молиме, сторете го вие тоа."  23 години подоцна, Едисон го наоѓа писмото.

Сељаците знаеле што прават

Уво не се чепка со стапче за уво, туку со мал прст - Др. Оз. Не баш со овие зборови, ама тоа е поентата (има објаснување и не пробува ништо да ти шитне).

А ова си ти во споредба со професионален спортист

Како би изледало кога изливите на гнев од твоите спортски расправии со телевизорот би се префрлиле од пред екран директно на терен. Не е за верување колку се станати ѕверови спортистиве.

Човекот против Земјата

Ако вкупното постоење на планетава се собере на еден ден (24 часа), тогаш вкупното време што човештвото го минало на планетава изнесува околу 3,5 секунди. Ај да видиме што сè имаме забрљано за овој период.

Северна Кореја вежба воена авијација

Се што треба да знаете пред почеток е дека ова е автентично видео, објавено од северно корејските медиуми, од обука на воената авијација на земјата. По видеово веќе ништо нема да биде исто.

За бубачките што 17 години беа под земја

Инсективе (Cicada) еднаш во 17 години излегуваат од под земја, живеат меѓу две и шест седмици на површина и умираат. За да не си губат време за глупости, Џон Оливер им направи мини апдејт за тоа што го пропуштиле овие 17 години. Последен пат беа излезени во 1999-та.

Дрон рибарење од плажа

Оние од Викед Туна да го гледаат видеово има со сидро по глава да се маваат додека им држат раце. Што е фората? Момциве земале дрон, закачиле јадица на него (веројатно е малку покомплицирано од закачување) и го летаат дронот над море барајќи јата со туна. Кај што ќе најдат ја пуштаат јадицата, а тој од плажа врти ко блесав на трската.

Жената што ѝ е работа да гледа порно

Бугарка е од Софија, се вика Силвија Николова и секој ден цело работно време гледа порно барајќи пиратски клипови од филмови на нејзините клиенти. Како што сама кажува "веќе почнав да ги познавам продукциите според снимката, флеката на каучот или пукнатината на ѕидот." До сега има тргнато од интернет милиони пиратски клипови.

И мајмун да си, па не ти е сеедно кога те прават мајмун

Два мајмуни во оделни кафези, треба да завршат некоја работа за која добиваат надомест во форма на сецкана краставица. Одеднаш работите се менуваат и едниот за награда добива зрна грозје, кои се далеку повредни во нивниот систем на вредности.

Пример како треба да изгледа секое интервју

Еден водител, еден или двајца гости. Зборуваат за што и да е темата, ама има само 5 или 6 прашања. Пред секое прашање сите јадат по едно пилешко крилце. Секој пат со повеќекратно полут сос од претходно. До крај, на никој не му е ни паметот во лажење, само гледа да преживее.

Како да се отвори лименка која била тресена?

Се потепавме од прскање и потурање, а толку било лесно! Прескокнете го делот со бебешките цуцли, одма на 2:10.