Off Topic

Музиката може да боли како камшик

Иранската пејачка Парасто Ахмади и осум членови на нејзиниот музички тим деновиве биле осудени на 74 удари со камшик затоа што настапила без хиџаб на концерт пренесуван на Јутјуб. Тоа било против јавната пристојност и објавување „вулгарна и неморална содржина“. Плус две години не можат да излезат од Иран ниту да настапуваат во земјата. Мала поддршка за Парасто и сите кои се гњавени од задрти луѓе од сите вери и невери. 

Поразите не ги гледате на Инстаграм

Финалекција за сите оние кои се мамат и залажуваат по она што го гледаат на социјалните мрежи, верувајќи дека виделе формула чиј успех е неизбежен. Успехот не само што не е неизбежен туку е исклучок. A залажувањето не се случува само на мрежите. Многу луѓе мислат дека кафана кај нас не може да не успее, гледајќи како сите кафани наоколу се полни. Само што не ги гледаат оние стотици кои пропаднале. 

Тој мисли сите пијат нафта

9 март: „Сега сме целосно независни од Блискиот Исток. Не ни треба нивната нафта.“ 1 април: „Тоа навистина не нè засега. Имаме толку многу нафта. Имаме огромна нафта и гас, многу повеќе отколку што ни треба.“ 17 јуни: Ако не се согласев со Меморандумот за разбирање, „ќе ни снемаа резерви за околу 4 недели... навистина ќе ни снемаа, и ќе дојдеше време кога нема да можете да дојдеме до нафта.“

Со ВАР, Голијат секогаш ќе го плеска Давид

Лука Модриќ, број 1 на целиот хрватски фудбал, златен гарант на сите хрватски победи, на овој натпревар изгледаше, се однесуваше и се движеше како Број 1 од Алан Форд. Се разбира, тој не е виновен за поразот. Виновен е како и сите други на теренот, а тие, пак, се невини во однос на оној што ги составил во тимот. А и тој не е толку крив колку очекувањата на заедницата. Таа би сакала играчите што ги правеа среќни да останат вечно млади.

Предупредувачки писма на читатели

Се јавив на сите Владини и НВО институции, по мејл, по телефон е џабе, никој не одговори, ама баш никој. Решив да ти пишам, онаа клупата на Водно се направи. Ова сигурно нема да се поправи, но можеби ќе спасиме некое дете кое дошло со родителите на викенд на Марков манастир, да се избања.

Трамп и Мелони пак ја спукаа

На Г-7, Трамп и Мелони во неколку наврати беа сликани во добро расположение, што се толкуваше како знак дека ги надминале претходните кавги. Ама, сељак каков што го дал Господ, Трамп отпосле кажа дека Мелони го молела и преколнувала да се слика со него. Таа не остана без зборови. Порача дека е згрозена од комплетните измислици. „Ни Италија ни јас никогаш не молиме!“

Брајан Меј: Ова го немам пробано 50 години

Гитаристот на Квин е од оние познати кои деновиве прават нешто од домашна изолација за да ги забават своите фанови и да ги држат позитивни. Последно реши да свири на претходно отсвирена подлога (исто од себе), нешто за кое вика дека е „стара школа“ а го нема пробано половина век. Песната е ФБИ, хит на Шедоус од 1960-та.

Свету, ти ли си?

Како изгледаат светските метрополи во екот на пандемијата? Снимки од дронови над Будимпешта, Вилнус, Истанбул, Рио Де Женеиро и Лисабон, Нестварно.

Роденден во време на корона

На девојчето ѝ е роденден и нејзините се погрижиле да не го помине сама па викнале пријатели и роднини да поминат. Само што „роденден е, поминете“ денес има многу поинакво значење од порано.

Секој со својот спорт

Тој ѝ скејта под балкон, таа од балкон го мава со саксии. Исто е како на маалски баскет; младите се упорни и тоа на крај им се исплаќа, aма старите имаат помалку „потрошени топки“.

Се истрчавме, м?

До пред само некој месец, ќе изгледавме некое вакво видео и ќе изреагиравме: „хихи-хаха, секакви ги има по светов“. Се работи за луѓе кои се подготвуваат за - пандемија на некој вирус. Ах, како нè намагарчи животов.

Каратистите се навежбаа за сето ова

Ние ги мислевме вежбаат елементи од тоа нивните кати, само што тие кати навистина испаднаа „борба со замислен противник“. Каратисти, zошто не кажувате бе вакви работи?

Како светот ќе се промени во следните 18 месеци?

Без разлика дали пандемијата на коронавирус ќе трае 2 месеца или две години, начинот на кој живееме и работиме ќе биде неповратно променет, предвидува Крис Стокел-Вокер во обемното четиво за Ескваер.

„Ова стварно боли“, исповед на пациент со ковид-19

Енди Хардвик има 51 година, вообичаено е здрав и во добра кондиција, и во нормални времиња оди на вежбање околу 3 пати неделно. Хардвик повремено страда и од астма. Видеото го прави по инсистирање на неговите роднини и пријатели, за да го пренесе своето искуство на другите.

Корона, не корона, Италијанец оди на кафе, и тоа е

Дури и сред апокалиптични моменти за земјата, стари Италијанци не се откажуваат од навиката да шмркнат еспресо на шанк, па ти колку сакаш расправај им се да не мрдаат од дома.

Како ли јас ќе пораснам?

Малата Лејла добива информација дека конечно затвораат Мекдоналдс, Пица Хат, Нандо, кинески џанк фуд и сите други нездрави јадења, дека нема веќе ни испорака на храна и дека ќе може да ужива во она што дома ѝ го приготвува мајка ѝ. Еве ја реакцијата на Лејла:

Лицата на докторите од корона фронтот

Додека времето почна да се пресметува од една до друга прес-конференција, лесно се заборава дека на терен докторите и медицинските лица уште малку ќе прават еден месец (барем кај нас) како непрестајно, со хокеарски измени, даваат сè од себе за бројките што се соопштуваат на прес-конференции да бидат што е можно помали и помалку трагични. Сето тоа се одвива во 8, 10, 12, 24 и којзнае колку часовни смени, во кои секој од нив мора да носи најмалку маска на лице како заштита.

Жената која прва виде вариола вера

Сеќавањата на доктор Ана Глигиќ се толку свежи што таа уште го памти бројот на контакти на нултиот заболен, човек кој од Скопје тргнал на аџилак во Мека и Медина.

Позориште у кући: Старите и вирусите

Од мега популарната југословенска серија Театар в куќи од 70-тите години, серија која по сите параметри со носеше рамо до рамо со семејните ситкоми на BBC од тие времиња. 

Доцна ли сфаќаме колку сме мали?

Еден од најпознатите сегменти од култната серија на Карл Саган ја добива вистинската боја во атмосферата во која допрва ќе живееме: втренчени од невидливиот непријател ќе кмишиме во своите пештери, еднаш дневно излегуваш по храна, или ти нешто ќе убиеш или нешто тебе ќе те убие.... А се мислевме шерифи и се понашавме како шмизли. Сакавме до Марс, сега не можеме ни до Предејане.

Случаен Марвин Геј

Некоја снимка од некој роденден од некаде во Америка со некој бенд и некој пејач со мерак на „Let's Get It On“. Ништо од ова ни приближно не најавува колку е добар декото.

Што е со Американци и супермаркети?

Од сите држави чиј секојдневен живот е изместен од безмислосната диктатура на коронавирусот, токму во најбогата нација на планетава највпечатливо се манифестира апстиненцијата од благодетите на регуларниот начин на живот и паниката дали ќе има што да јадеме (и со што да се бришеме). Снимка од ред пред еден американски супермаркет, што трае.

Да видите како се шират вируси

Никогаш нешто повознемирувачко нема да ви биде кажано вака смирено. Главна тема ширење вируси (не само сегашниот), и две споредни: ракување и миење раце. Уплав да те фати.

Компилација италијански градоначалници збеснати што Италијанци не седат дома

Додека да се постигне посакуваното ниво на карантин во Италија, италијанските власти искинаа нерви со своите граѓани кои сред епидемија решиле дека сакаат да одат на фризер, да прават полуматура, да шетаат кучиња... Меѓу овие со истенчени нерви имаше и голем број градоначалници.

Од Германија за братска Италија со „Bella Ciao“

Жителите на Бамберг лагодно сместен во северна Баварија, уште полагодно во некој полуопуштен карантин, излегуваат на тераси за да ги поздрават и окуражат сите жители на Италија кои со недели се во рововска битка со ковид-19, со една од најпартизанските песни на сите времиња „Bella Ciao“

5 совети за светот од Италијанец

Прашањето е „Кои 3 совети Италијанците би му ги кажале на светот во моментов?“. Одговорот е – имам 5 совети.

Кубанските доктори стигнаа во Италија

Најмал проблем е како и дали воопшто ЕУ некогаш ќе успее да се опорави од оваа погубно срамна епизода во која откако ниедна земја членка не мрдна со прст по апелот на сојузничка Италија да ѝ се помогне, таму помош пратија Кина и Русија а сега и сиромашната Куба праќа бригада oд 52 доктори и асистенти во богатата Ломбардија. Некои слики ќе останат врежани во историјата, без разлика со колку ЕУ фондови во иднина ќе се промовираат нејзините вредности.

Короната е од 5Г и чиста работа

Ако верувате дека земјата е рамна, дека Трилатерала и Билдерберг ова- она, ако верувате дека економијата им е битна со Алекс Ружин и брат Љубе како советници за странски инвестиции, што па да не верувате во ова? A човекот дури има и еден цртеж зад себе.

Со цена против оние кои празнат тезги

Со една ценовна финта, дански супермаркет дошол до генијално решение против оние кои без усул ги полнат количките. Едно шише средство за дезинфекција го даваат за 4 долари. Ама оди побарај две шишиња.

Поздрав од Рим

Носете ракавици, носете маски, носете скафандери... На дечко од Рим изгледа малку му има скурчено сето тоа.