Во градот доаѓаат околу 200.000 луѓе да ги видат Пинк Флојд. Огромното мнозинство нормални фанови но со неизбежно присуство и на кластери од запиени идиоти кои мочаат по статуи и повраќаат по влезови. Локалните конзервативци збеснуваат па градоначалникот Антонио Каселати и неговата екипа мора да заминат од функциите.
„Ја претворивте нашата Венеција во тоалет,“ му порачуваат традиционалистите откако публиката зад себе остава 300 тони ѓубре и 500 кубни метри амбалажа.
Небитно. Концертот го снима РАИ и го пренесува во 20-тина земји со публика од 100 милиони. Пинк Флојд се без Роџер Вотерс кој ги напушта во 1983 и порачува дека Пинк Флојд веќе е потрошена роба. Дека не е, покажува маестро Гилмор кој зналачки ја динста па со легендарното соло ја запржува Comfortably numb.