Ќути, се работи нешто

Оваа, генерално лузерска реплика конечно добива оправдување, со оглед на тоа каков економски крш направи пандемијата во светот. А допрва, во втората половина на 2020-та, ќе биде невесело. Значи, ако вашата фирма успеала уште да е на нозе, без големи отпуштања и кастрења на платите, слободно можете да кажете: Ќути, се работи нешто.

1. Victoria’s Secret прогласи банкрот.

2. Zara затвори 1.200 продавници.

3. La Chapelle се откажа од 4.391 продавници.

4. Chanel прекина со работа.

5. Hermes прекина со работа.

6. Patek Philippe прекина со работа.

7. Rolex прекина со работа.

8. Целата глобална индустрија за луксуз е на колена.

9. Nike спрема 23 милијарди долари за да го спроведе вториот бран отпуштања.

12. Starbucks најавува дека трајно ќе стави катанец на 400 дуќани.

11. Основачот на Airbnb рече дека поради пандемијата, 12 годишен труд и напор бил уништен за само 6 недели.

10 јули 2020 - 22:02