Off Topic

Африканската баба Зумбула

Во шоуто на Грем Нортон се раскажува вистинска случка неверојатно слична со приказната од филмот на Дарко Митревски. Не само што починала баба во една земја (Мозамбик) а редно било да ја вратат дома (во Јужна Африка), не само што било процедурален проблем да се префрли преку граница, не само што ја завиткале во килим, туку и кога минале граница, тркнале во првиот ресторан на пијачка, да смират нерви. А потоа, знаете што се случило.

Мава Израел ама мава и Милановиќ

Хрватскиот претседател стана регионален портпарол на сите фрустрирани од снисходливоста и безрбетноста на домашните политичари. Неговата битка со ЕУ бирократите и Израел, држава чија политика не можеш да ја критикуваш а да не те прогласат за антисемит и нацист, досега имаше неколку рунди. Милановиќ не само што уште е на нозе туку собира поени и овации од публика.  

Џервеис: Преку таквото ми е од AI

Не му преку глава од самата ВИ туку од сите оние шупци што ја користат за глупи видевца за фејк воени ситуации, тепачки, приказни со миленичиња. За тоа ли се смисли таа прекрасна технологија бе абдали? Запамтете, ТОА е турбофолк. По дефиницијата на Рамбо Амадеус, турбофолк е културен феномен кога „примитивноста ја користи технологијата за да ги стимулира ниските инстикти на масите“.  

Марина Десингерица

Што на прва може да ви текне за Марина Абрамовиќ? Пионерка на перформанс уметноста, легенда на современата сцена, храбра визионерка со спектакуларни, интерактивни и револуционерни дела кои ги преиспитуваат границите. Што на прва може да ви текне за Драгомир Деспиќ попознат како Десингерица? Сељачиште и ропак. Евентуално: тешко сељачиште и ропак. Ама, не сте свесни колку на слична фреквенција можат да бидат овие два света.

Затворениците ги интересира само Квентин Тарантино

Паднатиот филмски могул и осрамотeн крал на Холивуд во самица проаѓа 23 часа на ден. Чита лектири, книги и мемоари, понекогаш ќе изгледа филм, стравува дека ќе умре зад решетки бидејќи има рак на коски. Признава дека бил нахален и арогантен, но не и дека некого сексуално нападнал. За оние кои го обвинија вели дека главно се работело за пари или за тоа да се биде дел од линчот против него. 

Подемот и падот на „хак ту“ девојката

Приказната за младата и шармантна девојка од една американска недојдија од 700 жители во Тенеси е поучна по многу линии. Хали Велч преку ноќ стана популарна, преку ноќ стана богата, ја намирисаа преварамти, ја искористија нејзината популарност, луѓе изгубија животни заштеди а таа се повлече на неодредено. Сега е вратена, онаму кај што викаше дека никогаш нема да отиде.   

Никогаш и ништо нема да научиме

Една листа со препораки (што да се прави а што да не се прави) од време на шпанската грозница покажува две работи. Од тогаш до сега не сме научиле ништо ново а она што и тогаш сме го знаеле, сме го заборавиле.  

Цртан со Роган и Бур за маските

На последното гостување во подкастот на Џо Роган, Бил Бур и домаќинот имаа мала препирка околу маските. Запалија по една пура и фатија да се расправаат дали да се носат маски или не. Имаат скроз различни мислења околу тоа, ама ете, не се заклаа туку само си пуштија по неколку добри јадачки. Го анимирале тој дел од муабетот, и тоа добро.

Прав муслиман не мириса на Пино Силвестре

Група избезумени Пакистанци навалиле на млади борови садници па ги корнат со таква страст, небаре со шејтанот химселф си имаат работа. Зошто? Затоа што Исламот забранувал нивно садење. Не знаевме дека Коранот е толку ботанички детален.

Многу неприродна музика

Ги гледаш, ги слушаш, а не ти се верува ни едното ни другото, бидејќи е поразлично од сè што до сега ти се случило. Нирвана како свинг, Мајк Џексон како блуграс, Бредли Купер и Гага како полка, „Ентер сендмен“ како детска песна. И не, не секогаш ова звучи успешно.

Путин во аптека

Рускиот кајзер решава ненадејно да застане и да посети една аптека, да види како се со цените и слично. И очекувано, одма хаос, пакао, дрога (на рецепт). Сите збунка освен една бабичка која апсолутно не ја лази мува што се случува околу неа. 

Другата страна на Камала Харис

Камала Харис е сериозен кандидат за број 2 кај Демократите, како потпретседателски избор на Џо Бајден. Долги години беше јавен обвинител со железна рака и кога не се знаат деталите, човек би помислил дека нејзиното обвинителско портфолио е беспрекорно. Исто како што би помислил и за портфолиото на Вилма Рускоска, кога не би знаел дека е спремна да праќа луѓе на робија на основа на изјава на Нинџа.

Сефте Фил Колинс за браќата

TwinsthenewTrend се близнаци од Гари, не Галичник, туку Индијана. Пуштаат рок песни кои никогаш не ги чуле и онда демек ги рецензираат. На ред им доаѓа “In the Air Tonight” од Фил Колинс. И како што таа песна се слуша главно за да се дочека катарзата со бубњевите (која - како што знае секој нормален музички манијак -  се случува на 3:41 во песната), ова видео се гледа само за да се види нивната реакција на тој момент. Се избезумија! „Брат, не сум видел некој да извади ритам во трета минута од песната, брат!“

Баба Л. Џексон

Јасно е дека црната баба не е голем фан на жолтата раса, ама прејако е како сочно го хејта. Како да изговара реплики од филм на Квентин Тарантино.

Дојде време милијардери да нé штитат од научници

Сè што треба да знаете за да ја одгледате оваа емисија на Џо Роган во која доктор Бренда Соу зборува за својата нова книга во која се аргументира дека постојат два пола е дека платформата на Џек Дорси ја третира како сензитивна содржина и предупредува за тоа. Е, толку е летнато пилето наречено Твитер.

Седма сила со посебни потреби

Двајца побратими, едниот бел, другиот црн, подбраа новинарка која на белецот му настапи со глупо стереотипно прашање дали е расист. Фасцинантно е како ги гледа со телешки поглед додека ѝ држат лекција. А дента мислела дека само треба да тури доволно лак на косата па да помине уште еден регуларен новинарски ден. 

Гордон Ремзи рецензира ТикТок рецепти

Не е потребен Гордон Ремзи да ви каже дека повеќето работи кои ќе ги видите на ТикТок не се ставаат во уста. Ама, ако, нека каже. Се ужасна човекот како кога Ник Кејв би рецензирал песна од Мими Мерцедес.

Пристаништето во Бејрут, пред и по експлозијата

Тоа дупката во пристаништето што сега е море до пред неполни 48 часа беше хангар, полн со 6 години напуштен амониум-нитрат. Таа белата зграда, беше силосот во кој може да се чуваат 85% од житните резерви на Либан.

Охридски сновиденија

Видео од епилогот на една градба која ги прекршила прописите за крајбрежно градење. Бидејќи знаете дека кубуриме со домашни примери на оваа тема, ова е во градот Керала во Индија.

Колку време му треба на Безос да ја заработи твојата годишна плата?

Пример (во некој многу добар случај) платата ти е 1.000 долари месечно, па годишно заработуваш солидни 12.000 долари. Колку би се разочарал кога би дознал дека Безос истите овие пари ги заработува за 2 минути? Добрата вест е што ова не е точно, многу полошата е што овие пари ги заработува за само 8 секунди, што е побрзо од 1.000 долари во секунда!

Згужвај ми пустина

Некои го почнуваат своето дело онаму каде што многумина го завршуваат: кога ќе ја згужваат хартијата.

Песна за Аланис Морисет и ќерка

Морисет во своето портфолио има многу поконцентрирани настапи но во емотивна смисла, после десетина години, ова видео ќе им биде прајслес во фамилија.

Еминем, иншала, машала

Некој џихадист (по ново: „терорист кој ги злоупотребува религиозните мотиви“ - види овде) чиј говор, и по ритам и по емоција, комплетно звучи како песна на Еминем. Уште на крај да се дигнеше во воздух па сите задоволни.

Како се исти, разбудени и расисти

Фрапантен и застрашувачки точен е овој „скеч“ кој покажува колку двата, навидум крајно спротивставени политички кампа, во суштина се согласуваат за сè.

Кога Џој Дивижн би ја изведувале Take on Me

Веројатно фановите и на Јан Куртис и на А-ха ќе се почувствуваат навредени од овој крајно неприроден спој, ама па што. Интересно е, баш зашто е богохулно.

Илинденска порака на Џон Клиз

Во кратко видео обраќање, Клиз објаснува што ќе прави на 2-ри август и со која тема ќе се занимава. Можеби денот треба да се искористи, секој од нас, барем малку да се задума на истата тема.

Безбедност на авионски лет, без лаги и превари

Сполај им на стујардесите што униформно кореографирано (и без трошка емоција), мафтаат со раце и елеци пред секој лет, ама ова што го кажува човеков вреди колку цела кариера нивно мафтање.

Целосно ненаучен тест за корисност на маски

Секогаш кога можеш користи оган за да докажеш некоја поента. Не можеш да згрешиш, ем сите ќе памтат што си сакал да кажеш, а сака да каже - носете маски!

Како се хакнува медиумскиот (CNN-FOX) дуопол

Заебанција е ама, многу реално е сето ова. Бидејќи денес медиумите не се во потрага по некаква вистина туку во потрага по снимки и моменти кои ќе ја поткрепат нивната пропагандна замисла. Која денес, ублажено, се вика наратив.