
Истиот зеленчук, ставен во истото тавче, на истата температура ама без зејтин се готви многу побавно и многу понерамномерно отколку ако има додадено зејтин.
Дури и кај храна што содржи маст (месо), во зависност од тавчето, зејтинот игра клучна улога таа да не се залепи и да не загори.
Тоа што малку изненадува е дека во рерна зејтинот не игра ни приближно важна улога.
Бонус на сè ова е неспоредливо подобриот вкус на што било готвено со зејтин.
Бонус: Хемија на похована храна