Спотифај избришал 75 милиони песни генерирани од ВИ

Платформата за споделување музика Спотифај е бомбардирана со музика генерирана од вештачка интелигенција. Лани избришала 75 милиони вакви ѓубриња што биле протнати како авторска содржина, со единствена цел без мака да се заработат пари. Ќе воведе филтер што ќе ги препознава генерираните песни и ќе ги брише пред да ги контаминираат корисниците.

Спамот генериран од вештачка интелигенција станува проблем за платформите за стриминг и музичките уметници, бидејќи секое пуштање подолго од 30 секунди генерира авторски права. Со таа измама се раситнува и фондот за исплата на легитимните уметници.

Генерираните нумери вообичаено се ултракратки имитации на познати песни, инструментали или амбиентална музика за медитација. 

Бројот на уфрлени спамови се приближува до оној од вистинскиот каталог на Spotify, кој изнесува околу 100 милиони нумери. Спотифај исто така нуди пристап до речиси 7 милиони подкасти и 350.000 аудиокниги.

Компанијата соопшти дека спамот најчесто бил идентификуван пред да бидат прикачен, но дел бил отстранет откако бил споделен со корисниците. Новиот филтер треба целосно да го блокира пристапот до алгоритмот за препорака.

Тактиките за спам... станаа полесни за користење бидејќи алатките со вештачка интелигенција им олеснуваат на сите да генерираат големи количини музика, соопшти Спотифај.

Компанијата со седиште во Стокхолм, која има речиси 700 милиони корисници, тврди дека злоупотребите нема да имаат сериозно влијание врз навиките за слушање или исплатите на уметниците. Спотифај лани платил 10 милијарди долари за авторски права.

27 септември 2025 - 12:06