Превртена пирамида на теории на заговор

Веројатно најкоректниот пристап кон теориите на заговор го има Рон Фанчис кој во еден стенд-ап вели „ок е да не веруваш во сите теории на заговор... ама па да не веруваш во ниедна???“

Аби Ричардс втора година по ред создава инфографик на најпопуларните теории на заговор за актуелната година.

За да се потврди резонирањето на Фанчис, најдолу во пирамидата се теориите на заговор кои со тек на време се потврдени и излегле дека се точни, што е веројатно крајната цел на секоја една теорија на заговор. Меѓу другите, тука се Вотергејт, масовното шпионирање на НСА, МКУлтра, лажењето на големите нафтени и големите тутунски компании.

Над ова е нивото на заговори за кои уште има некои прашања, пример Епстин, НЛО, Иран контра, атентатот на Кенеди.

По ова почнуваат трите нивоа на теории на заговор чија длабочина експоненцијално се зголемува. Од тоа дека Елвис / Мајкл Џексон уште е жив, до 5Г и Бајден е робот, за да заврши со Пицагејт, негирање Холокауст и рептилски господари.


Да го чуеме Фанчис:

24 ноември 2021 - 13:02