Предлогот што доаѓа од градските советници на Њујорк е проблемот да се реши со давање награди за пријавување на погрешно паркирани возила. Според предлог законот, за секое пријавено погрешно паркирано возило пријавувачот како надомест да добие 25% од казната која изнесува 175 долари.
Математиката што ја прави Кејси Неистат на возењето низ Њујорк е дека за 3 часа, на обичен работен ден, начекале 8 возила паркирани на велосипедски патеки. Вкупната казна што Њујорк би ја наплатил од нив е 1.400 долари. Од овие пари, твојата награда од 25% би изнесувала 350 долари.
Веселата математика продолжува: ако ова го правиш 4 дена неделно, по 8 пријавени автомобили, за една недела правиш 1.400 долари, или речиси 73.000 долари годишно.