Инфо на денот

Мик Џегер има 4-годишен син

Очигледно не е најново, ама за нас е. И не му е прво дете на Џегер, ама како што изгледа не може да се каже ни дека ќе му е последно. За подобра перспектива, Џегер има 78 години.

На 8-ми декември 2016, најновата партнерка на Џегер, екс-балерината Мелани Хамрик го раѓа Деверо Октавијан Базил Џегер. За тие што водат есап ова е 8-мо дете на пејачот на Стонси. Пред него Џегер има пауза од 17 години од правење деца, откако во 1999 му се раѓа седмото дете Лукас Морад Џегер.

Деновиве Хамрик објави фотка за да покаже колку си личат таткото и синот.

Осумте деца на Џегер се од пет жени, и поделени се на пола 4 машки и четири женски. Тој има и пет внуци/внуки и една правнука. Првата правнука на Џегер родена во 2014 е постара од неговиот најмлад син.

А на некои други толку проблеми им направија за годините:

23 септември 2021 - 13:14