
Главната предност на греењето со геотермална пумпа е што плаќате минимална сметка за струја, без разлика колку греете (ладите) по дома.
Целиот систем се базира на фиксната температура на почвата, која преку цевките полни со течност се пренесува до топлинска пумпа која потоа ја распределува топлината низ објектот.
Основната математика е дека парите што ќе ги вложиш за системот ги враќаш преку пониски сметки за греење за 7 до 10 години, а опремата има гаранција за траење од 20 години (за пумпата) и 50 години (за инсталацијата под земја). Плус истиот систем може да се користи за греење вода во бојлер.