Како Рик Рубин ја создаде химната на System of a Down

Ако е точна приказната за „Chop Suey!“ најпрепознатливата песна на Систем оф а даун, инаку име на едно кинеско јадење, тогаш постоењето на денешната верзија на песната е еднаква на добивка на лотарија.

Се работи за иста верзија на приказната што ја раскажуваат и продуцентот на албумот на Систем оф а даун, Рик Рубин, и пејачот и текстописец на бендот, Серж Танкијан.

Според двајцава, Танкијан е заглавен во пишување на песната, поточно да преминот меѓу двата нервозни дела од текстот, па Рубин како продуцент го кани кај себе дома да одмори малку.

Таму седнуваат во библиотека и Рубин му вели на Танкијан да одбере која книга сака, да отвори на која било страна и да ја прочита првата речница што ќе му дојде на око.

 

17 октомври 2022 - 12:43