Вештачката интелигенција навистина не ги исполнила ветувањата дека ќе ја зголеми продуктивноста до степенот што го најавуваат нејзините креатори. Според сопствената студија на Мајкрософт, само 25% од иницијативите за ВИ постигнале очекувани приноси во изминатите три години.
Проблемот, според Даглас Рушкоф – автор на повеќе од 20 книги за технологијата и општеството - не е тоа што ВИ нема капацитет, туку тоа што организациите сè уште не размислуваат на начин на кој човекот е првенствено важен за технологијата.
Компаниите се обидуваат да ја интегрираат вештачката интелигенција во нивните постоечки работни процеси без да ги земат предвид човечките системи кои не само што можат да ја користат, туку и да се подобруваат со неа. Ова е повеќе од обука на работници за користење на алатките. Треба да се преобликува самата структура на организацијата, вели Рушкоф.
Рушков илустративно го објаснува ова со примери. Некој смислил банка со сеф во задниот дел и благајници зад шалтери, како „интерфејс“ помеѓу оние што даваат и добиваат заем. Продавницата за храна, со колички и каси е оперативен систем дизајниран да им овозможи на луѓето да пребаруваат, собираат, купуваат, па дури и да се дружат.
Ова се архитектури за човечка интеракција под капитализмот, а потоа и индустриското производство. И тие функционираа, главно затоа што дизајнерите ги имаа предвид потрошувачите, објаснува Рушков.
Тој забележува дека индустриското доба обезбедило продуктивност преку фабричката линија, во која работниците практично се запчаници во машина. Тоа овозможило неквалификувани работници да заменат подобро платени занаетчии.
Овој пристап кон новата технологија не функционира во ерата на ВИ. Алтернативата - свет во кој вештачка интелигенција заменува луѓе – би значел дека единствена конкурентска предност е големината на договорот со компанијата за ВИ. Наместо да се користи за создавање повеќе од она што постои, ВИ не се применува доволно за да им помогне на луѓето да замислат што сè уште не постои, вели Рушков.