Иако веќе има искуства со издигнување нови градови во околината на Каиро, тоа е главно со цел да се олесни станбениот притисок во главниот град на Египет.
За разлика од ова целта на новиот проект освен нови згради за живеење е и целосно преселување на комплетната администрација од Каиро во сосема нова административна престолнина на Египет.
Администрацијата во новиот град ќе биде поделена на два дела: еден простран дел во кој сите министерства и столбови на власта ќе добијат своја сосема нова зграда; и втор дел кој е поголем од сето ова заедно и е дедициран исклучиво за министерството за одбрана.
Вториот дел од проектот е претворање на градот во економски и бизнис центар, што значи бројни нови населби и станбени комплекси, плус два нови спортски комплекси кои ќе вклучуваат повеќе терени на отворено, спортски сали (од кои во една се играше последното светско првенство во ракомет). Во тек е изградба и на неколку (меѓународни) универзитети, како и најголемата црква и најголемата џамија во земјата.
Едно од обележјата на новиот град ќе биде парк кој непрекинато ќе се протега по целата негова должина, и низ него ќе минува вештачка река.
Новиот главен град на Египет допрва треба да го добие своето име.