Поточно, вели, „Ако се земевме, немаше до денес да бидеме заедно.”
Едно време верувала дека сака да се омажи, но кога Стедмен ја запросил (во 1993, а биле заедно од 1986) многу брзо сфатила дека „животот со емисијата ми е приоритет и тоа на двајцата ни беше јасно.” Се сеќава и дека сакала да биде запросена, но не и да ја истера работата до крај.
„Сфатив дека не сакам брак. Сакав да ме побараат. Сакав да знам дека смета дека вредам да му бидам сопруга, но не сакав никакви жртви, компромиси, секојдневни обврски потребни за бракот да успее. Животот со емисијата ми беше приоритет и тоа на двајцата ни беше јасно. Се согласивме дека ако се врзевме во брак, немаше уште да бидеме заедно. Него ќе му значеше едно, а јас ќе имав сопствени идеи за тоа.”
Затоа и продолжиле во едно фино партнерство - и тоа едно од најдолготрајните во Холивуд.
„Сите што го сретнале се воодушевени каков џентлмен е,” вели Опра во една статија за списанието О. „Многу е позитивен. Ми го посакува најдоброто и мене и на сите што ги познава. И името му одговара затоа што е стабилен (steady) како планина. Со урамнотежен темперамент, од доверба, трпелив.”
За тоа како им успева, после сите овие години, Опра вели дека „тој креирал идентитет одвоен од ‘мажот на Опра’ (држи предавања за лидерство низ цел свет и пишува книги на таа тема). И бидејќи делат исти вредности, од кои на прво место е интегритетот. И уживаат кога другиот успева да ја исполни и манифестира судбината и целта.
Спиритуално партнерство го викаат затоа што е партнерство меѓу двајца еднакви индивидуи на кои целта им е спиритуален развој.
Стедмен едноставно се согласува со ова. Во шоуто на Елен Деџенерис, објаснуваше дека за да имаш успешна врска, мораш прво да го разбереш сопствениот идентитет и да знаеш што сакаш, затоа што само тогаш ќе можеш да го поддржиш партнерот. Токму овој баланс ја оддржал неговата врска со Опра речиси 33 години.
„Победничката комбинација,” вели Стедмен, „е кога имаш добар партнер што може да се оствари самиот и сиот негов потенцијал, а истовремено истото го можеш и ти.”