Зошто е Хари Стајлс во Вог, кога постои Били Портер?

На Били Портер не му се допаѓа што Хари Стајлс е на насловна на Вог, во фустани. Вика (и има право) дека му ја искористуваат заедницата, за Стајлс да добие некаков статус.

Хари Стајлс е првиот маж кој сам се има појавено на насловна на Вог - во 2020. Сите кажаа по нешто и главно насловната беше пречекана со аплаузи и радост, затоа што Стајлс, иако хетеросексуалец, беше стилизиран со традиционално женски парчиња. Тогаш беше сè погодено, точно на време, на врвот движењето за кршење на родовите норми, и ретко кој се осмелуваше да оди контра.

Сè ова додека не се појави човек кој самиот ги предизвикува родовите норми, директно од заедницата што ги предизвикува родовите норми.

За Били Портер пишувавме тука, заради ова:

Една година откако се објави насловната, Портер рече:

„Јас ја креирав дискусијата за небинарна мода, а Вог сепак го стави Хари Стајлс, стрејт, бел маж на насловна во фустан. Него ќе го користите да ја претставува оваа нова дискусија?“

Заради неговиот моден правец беше и Добрата вила во една верзија на „Пепелашка“:

Били Портер е цел правец:

Сега во ново интервју со Телеграф, објаснува зошто реагирал така:

„Тој е хетеро и бел. Затоа е на насловна. Небинарен, бла, бла, бла. Не, немам добро чувство. Ја користиш мојата заедница - или твојот тим ја користи мојата заедница - за ти да добиеш некаков статус. Ништо не си морал да жртвуваш.“

А сподели и дека Ана Винтур го прашала „како да бидеме подобри“ во врска со списанието и ЛГБТ+ заедницата. Во тој момент го фатила неспремен и ништо не ѝ кажал, иако сега вели дека Вог треба да ја искористи својата моќ да ги воздигне лидерите на ова модно движење.

14 август 2023 - 11:05