Значи, освен што е здраво да се внесе, маслото од (семки од) грозје може да помогне при воспаленија на кожа, да ја подобри еластичноста, па дури да обезбеди и заштита од УВ зраци. Сепак, како и кај сите масла, важно е да внимателно да се користи за да се искористат сите тие придобивки најдобро што може.
Помага да се снижи холестеролот - едно истражување покажува дека до 3 супени лажици дневно ги зголемуваат нивоата на „добриот“ холестерол, а го намалуваат „лошиот“.
Помага при инсулинска резистенција - во истражување со гојазни жени се открило дека консумирање на масло од грозје ја подобрило инсулинската отпорност и намалило воспаленија. Во споредба со група што консумирала масло од сончоглед, тие со маслото од грозје имале пониски нивоа на еден важен маркер за воспаленија наречен високосензитивен Ц-реактивен протеин.
Воспаленијата водат до долгорочни состојби како дијабет и срцева болест, но полифенолите што ги има во семките од грозје помагаат со вакви воспаленија. Сепак, истражувањата досега покажале дека за ова би биле потребни многу големи количини на масло, па потребни се дополнителни студии.
Поради тоа што спречува оксидативно оштетување на клетките, некои истражувања покажуваат дека штити и од рак. Содржи соединенија што спречуваат оксидативен стрес, а истовремено е природен извор на процијанидини (исто така антиоксиданси).
Генерално е безбедно за употреба, доколку се употребува умерено. Сепак, има случаи, како на пример со екстрактот од семки од грозје што се става во суплементи - може да реагира во комбинација со разредувачи на крвта. Во вакви случаи, потребна е консултација со лекар.
За кожа е одлично - некои мали истражувања покажале дека намалува црвенило, лачење маснотии, дури и големината на порите. Резултатите на оваа тема ветуваат, но сепак, потребни се поголеми и потемелни испитувања.