Зошто чешаат тетоважите?

Ви се случило ли да ве чеша местото каде што имате тетоважа, дури и да се поткрене тој дел од кожата како да сака тетоважата да излезе? Има причина и не е страшно.

Тетоважите се класифицираат како повреда на кожа, иако не ни личат на нешто такво. Дерматолозите објаснуваат дека тетоважата може да доведе до хипетрофична лузна или келоид додека заздравува, и токму тоа е една од неколкуте причини поради кои може да чеша.

Поточно, додека заздравува кожата од тетовирањето и создава лузна, се истакнува инфламаторна ќелија што ослободува хистамин во овој дел на кожата. Хистамин е истата супстанца што предизвикува алергии, осипи и чешање.

Истовремено, тетоважите можат да нѐ направат осетливи на други работи, бидејќи се работи за нарушување на бариерата на кожата. Честичките од бојата за тетовирање се сместуваат меѓу циглите (кожните клетки) и малтерот (нутритивните липиди и протеини) што ја прават бариерата која штити од иритантни материи и ја држи влагата внатре. Ова ја прави кожата пореактивна и поранлива.

На луѓето што имаат тетоважи им се препорачува да избегнуваат производи со алергени или воопшто производи што можат да предизвикаат иритација (парфеми, алкохол). Тетоважите се исто така осетливи на сонце (и ги избледува), па се препорачува и редовно мачкање со заштитен фактор од минимум 30. Од секојдневните препораки - мачкајте го телото со хидратантни лосиони.

15 јануари 2021 - 00:00